Повеќе од 30 уапсени на EXIT

9 јули, 20110
v211383p0

Вториот ден од дванаесетиот по ред EXIT фестивал, поминал без некои поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, но сепак се приведени повеќе од 30-тина момчиња и девојки поради дрога, соопштила новосадската полиција.нови
Од слобода се лишени двајца српски државјани од кои едниот од Нови Сад, под сомнение продажба на наркотици, останатите 32 приведени се странски државјани и се испратени кај истражен судија.
Полицијата за време на вториот ден на фестивалот, кој бил посетен од 36000 посетители од поединци запленила 152 грама марихуана, 75,5 грама амфетамини и 125 парчиња “сомнителни таблети” се наведува во соопштението на полицијата.
Помал инцидент се случил вечерта кога еден британски државјанин бил удрен во главата при влез во Петроварадинската тврдина. Повредениот несакал да го коментира нападот, а полицијата трага по напаѓачот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi