Повеќе сон, помалку килограми! Двојна придобивка :))))

21 октомври, 20110
sleep

Доколку вашиот партнер има вишок килограми, шансите дека и вие ќе се здебелите се дури 37%. Врз здебелувањето особено влијае и недостигот на сон, бидејќи со тоа се нарушува хормонската рамнотежа, па мислиме дека сме гладни и кога сме сити.

Доколку имате проблеми со вишокот на килограми, погледнете ги овие факти за дебелината и откријте од каде потекнува вашиот проблем:

–          Генетиката е важна: Научниците неодамна го открија генот кој предизвикува гојазност. Луѓето кои имаат две копии од ризичниот ген имаат 40% поголеми шанси да бидат дијагностицирани со дијабет и 60% поголеми шанси да се здебелат.

–          Неко луѓе едноставно имаат повеќе масни келии: Научниците тврдат дека некои луѓе имаат двојно повеќе масни келии од останатите. Дури и кога ќе ослабат, вишокот на масни келии останува во организмот. Бројот на масни келии зависи од тоа кога организмот започнува да произведува маснотии.

–          Можно е да го промените метаболизмот: Масните келии кај подебелите луѓе поминуваат низ метаболички промени кои го отежнуваат согорувањето на маснотиите. Доколку имате само пет килограми повеќе, тие го успоруваат вашиот метаболизам и ве уфрлаат во заробен круг: што повеќе се дебелеете, толку е потешко да ослабнете. Но со правилна исхрана и вежбање, можно е да го промените вашиот метаболизам.

–          Стресот дебелее: Стресните околности создаваат потреба за храна бојата со јаглени хидрати која го смирува хормонот за стрес. Затоа важно е во секојдневните активности да правите нешто што ќе ве ослободи од стресот, како јога, пешачење или фитнес.

–          Бременост: Доколку мајката е пушач, бебето може да се роди со помала тежина отколку нормалната, а доколку конзумира алкохол може да дојде до оштетување на мозокот на плодот. На сличен начин делува и лошата исхрана, бидејки оние мајки кои имаат високо ниво на гликоза и слободни масни киселини, што може негативно да влијаат врз контролата на апетитот кај новороденчињата.

–          Килажата на партнерот влијае и на вашиот изглед: бидејки во врската вие сте слика на вашиот партнер, сите негови негативни навики може да се одразат и на вас.

–          Повеќе сон помалку калории: Доколку спиете помалку од 7 часови дневно, повеќе чувствувате глад и најверојатно имате хормонска нерамнотежа. Многу експерти препорачуваат повеќе сон за побрз метаболизам и чувство на ситост.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi