Повик за бојкот на семејството Кардашијан!!! Се приклучуваме:)))

popara17 ноември, 20111min00
The-Kardashians-Season

Авантурите на семејството Кардашијан, ѕвездите на популарното реалити шоу кое се емитува на америчкиот канал E! Entertainment, нервира се поголем  број на луѓе. Повиците за бојкот од ден на ден се се побројни, а притисокот на тв каналот да прекине со емитување на серијата  станува се поинтензивен.

Ким, Кортни и Клои станаа славни благодарејќи на шоуто “Keeping Up with the Kardashians” кое секојдневно го гледаат илјадници обожаватели ширум светот. Сестрите Кардашијан сепак, немаат само обожаватели. Се повеќе имаат “лути непријатели” кој бараат емисијата да престане да се емитува, обвинувајќи ги трите млади жени дека ја “загадуваат” телевизијата.

Повици за бојкот на сестрите Кардашијан се праќаат на Фејсбук, на веб страната на E!Entertainment како и преку се поголем број на петиции. Еден од досега најзначајните покрети за петицијата го покренал сајтот GoPetition, на кој веќе се потпишале повеќе од 10.000 луѓе.

“Се стекнува впечаток дека тие програми потикнуваат промискуитет, вулгарност, и потрошувачки менталитет. Тажна вистината дека голем број на млади лица се угледуваат на семејството Кардашијан и своето однесување го прават да биде во склад со нивното”, се наведува во петицијата. Со оглед на тоа дека гледаноста на ова реалити шоу и понатаму е голема, тешко е да се верува дека неговото емитување ќе биде наскоро прекинато без обзир на петициите и критиките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag