Познат наследникот на Бин Ладен

18 мај, 20110
OSAMA BIN LADEN
Новиот лидер на Ал Каеда, кој ќе го наследи мртвиот Осама Бин Ладен е поранешен член на специјална единица на египетската војска.
Изборот на Еѓипќанецот Саиф ал Адел би можел да ги налути членовите на Ал Каеда од Саудиска Арабија и Јемен.
Како што дознава “Си-Ен-Ен“, ал Адел станал привремен шеф на терористичката мрежа веднаш по смртта на Бин Ладен.
Телевизијата “Си-Ен-Ен“ тврди дека информацијата за новиот лидер на Ал Каеда ја добила од Номан Бенотман кој своевремено ја водел либиската исламистичка организација блиска на Ал Каеда.
“Си-Ен-Ен“ истакнува дека Бенотман ја напуштил екстремистичката идеологија и предупредил дека изборот на новиот водач би можел да предизвика лутина кај некои членови на Ал Каеда.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi