Нема ништо полошо од млада, убава, а толку пијана девојка да незнае за себе. Уште ако е позната, тешко дека таа состојба ќе помине незабележана. Издвоивме седум познати девојки под дејство на алкохол, а вие одлучете која најмногу се избламирала.
Тара Рид
Иако одамна не сме ја виделе на јавен настан, познатата русокоса Тара Рид јавноста ја памети по дивиот ноќен живот, за време на кој консумира алкохол во изобилство.
Памела Андерсон
Некогаш најпосакуваната силиконска убавица, сега најчесто може да ја видиме под дејство на алкохол и неконтролирано однесување. Уште полошо изгледа кога Памела се обидува да одржи баланс на високите потпетици и да го задржи нормалниот израс на лицето.
Линдзи Лохан
Вистинска реткост е Линдзи да ја видите трезна. Дали под влијание на поијати или под дејство на алкохол, Линдзи секогаш со своето агресивно однесување успева да ги привлече папараците и да пополнува насловните страни.
Синди Крафорд
Легендарната Синди Крафорд секогаш била пример за убавина и дамско однесување. Но, не е се така како што изгледа…Синди има една ноќ која верувам никогаш нема да ја заборави, во која претерано наздравувала. Секако вечерта не останала незабележана.
Кејт Мос
Проблематичната Кејт Мос, јавноста постојано ја гледа во непристојно издание под влијание на разни опијати. Кревката и слаба рускоса долго време го уништуваше своето здравје и изглед. За среќа се смири откако се омажи.
Критина Агилера
На почетокот на кариерата кристина Агилера беше чест гостин на најпопуларните ноќни клубови во кои се точело многу алкохол. Така што таа не пропуштала ниту една виски – забава, по која се влечела до автомобилот, седнувала на задното седиште со кисела насмевка за папараците.
Џесика Симпсон
Бујната старлета Џесика Симпсон сака добро да се забавува и сето тоа да го залие со алкохол. И во такви изданија Џесика е секогаш симпатична и насмеана, освен растурената фризура и балансот на високите потпетици.