Познати масони добитници на Нобелова награда

19 јули, 20110
TO GO WITH STORY by Virginie Montet, Ent

Добитници на Нобелова награда за хемија

 

  • Wilhelm Ostwald, (2 септември 1853 година – 4 април 1932 година); познат и истакнат германски хемичар. За неговото достигнување во областа на хемијата, особено за работата поврзана со катализа, хемиската рамнотежа и брзината на хемиската реакција, во 1909 година доби Нобелова награда за хемија. Ostwald е познат и како еден од основачите на модерната физичка хемија.
Wilhelm Ostwald
  • Hermann Staudinger, (23 март 1881 година – 8 Септември 1965 година), истакнат германски хемичар. За демонстрација за постоењето на макромолекули, кои тој ги опишал како полимери, во 1953 година му беше доделена Нобелова награда за хемија. Тој, исто така ги пронајде кетените, кои претставуваат органско соединение со структурата R2C = C = O. Исто така постои и хемиските реакции во органската хемија што го носи неговото име: Staudinger реакција.

 

Hermann Staudinger

Добитници на Нобелова награда за мир

 

  • Henry Dunant, (8 мај 1828 – 30 октомври 1910); познат швајцарски бизнисмен и социјален активист. За време на неговото деловно патување во 1859 година, беше сведок на  последиците од Битката во Солферино, во денешна Италија. Врз основа на неговите сеќавања ја напишал книгата “Сеќавање на Солферино“, која била основа во 1863 година да се создаде Меѓународниот комитет на Црвен крст (МКЦК). Женевската конвенција од 1864 година е всушност базирана на идеите на Dunant. Нобелова награда за мир има добиено во 1901 година.

 

Henry Dunant
  • Élie Ducommun, (19 февруари 1833 година, Женева – 7 декември 1906 година, Берн); активист за мир. Роден е во Женева, работел како учител, новинар и преведувач во швајцарската Федерална канцеларија (1869 – 1873 година). Во 1867 година беше дел од формирањето на Лигата за мир и слобода (Ligue de la paix et de la liberté);  од 1873 до 1891 година работеше како Секретар во Jura-Simplon претпријатие за челик. Таа година, исто така беше назначен за директор на новоформираниот Меѓународно Биро за мир (Bureau international de la paix), првата невладина организација за меѓународен мир, со седиште во Берн. Добитник на Нобелова награда за мир во 1902 година.

 

Еlie Ducommun
  • Theodore Roosevelt, (27 Октомври, 1858 години во Њујорк – 6 јануари 1919 во Ојстер Беју), дваесет и шестиот Претседател на САД (1901 -1909 година). Во 1882 година избран за член на законодавната власт во Њујорк, каде што беше републикански лидер и претставник. Во периодот од 1895 до 1897 година именуван за шеф на Градскиот одбор на полициски комесари. Како следбеник на William McKinley, служел како секретар во морнарицата (1897 – 1898 година). Со избувнувањето на Шпанско-американската војна, поднесе оставка со цел да учествува во организирање на американската коњаница.Се врати во Њујорк, како херој и беше избран за гувернер во 1899 година.  По убиството на William McKinley во 1901 година, стана Претседател, исто така победи на изборите во 1904 година против кандидатот Alton Parker. Заедно со државниот секретар го објавија т.н. Докрина на Roosevelt, со која се потврди ставот на САД како заштитник на западната хемисфера. За посредување во руско-јапонската војна ја доби Нобеловата награда за мир во 1906 година. Исто така го обезбеди договорот со Панама за изградба на каналот.

 

Theodore Roosevelt
  • Alfred Hermann Fried, (11 ноември 1864 година – 5 мај 1921 година); австриски Евреин, пацифист, публицист, новинар, ко-основачот на германското мировно движење и добитник на Нобелова награда за мир во 1911 година.

 

Alfred Hermann Fried
  • Elihu Root, (15 февруари 1845 година – 7 февруари 1937 година) истакнат американски адвокат и државник. Претставуваше пример за личност кој одлично ги балансираше власта во Вашингтон и приватниот сектор во Њујорк. Беше именуван за Секретар за време на американската војна во периодот 1899 – 1904 година, под раководство на William McKinley и Theodore Roosevelt. Спроведе реформите во одделот на армијата и беше одговорен за проширување на West Point и за создавање на Воениот колеџ во САД како и за Генералштабот. Во 1904 година се врати на приватната пракса како адвокат. Во 1905 година, по смртта на John Hay, доби предлог од страна на Претседателот Roosevelt да биде именуван како Државен секретар на САД. За време на неговото патување низ Латинска Америка во 1906 година, успеа да ги убеди државите да учествуваат на Конференцијата за мир во Хаг. Имаше влијание и врз решавање на граничниот спор меѓу САД (Аљаска) и Канада. Добитник на Нобелова награда за мир во 1912 година.

 

Elihu Root
  • Henri La Fontaine, (22 април 1854 година – 14 мај 1943 година), истакнат белгиски адвокат. Во 1893 година, стана професор по меѓународно право на Универзитетот во Брисел, а  две години подоцна беше избран за член во белгискиот Сенат на Социјалистичката партија. Работеше како заменик Претседател на Сенатот во периодот 1919-1932 година. Уште од самите почетоци беше дел од Меѓународното биро за мир, основано во 1882 година, а беше именуван за Претседател на Меѓународното биро за мир. Исто така, претставник од Белгија на Париската мировна конференција во 1919 година и на Лигата на народите (1920-1921 година). Добитник на Нобелова награда за мир во 1913 година.

 

Henri La Fontaine
  • Leon Victor Auguste Bourgeois, (21 мај 1851 година – 29 септември 1925 година) познат француски државник; во 1889 година именуван за Министер за внатрешни работи, а на 18 март 1890 година, за Министер за јавна настава; одговорен е за некои важни реформи во средното образованието; во кабинетот на Émile Loubet беше именуван за Министер за правда, за време на Панамските скандали и проблеми. Поднесе оставка во март 1893, но подоцна повторно ја презеде функцијата. Во 1903 година номиниран за член на Постојаниот избран суд-Арбитража. 1906 година именуван е за Министер за надворешни работи во кабинетот Sarrien. Беше одговорен за движењето на француската дипломатија за време на конференцијата во Алхесирас. Беше делегат на двете Конференции во Хаг одржани во 1899 и 1907 година. По Првата Светска војна именуван беше за Претседател на Советот на Лигата на Нациите и добитник на Нобеловата награда за мир во 1920 година.

 

Leon Victor Auguste Bourgeois
  • Charles G. Dawes, (27 август 1865 година – 23 април 1951 година), американски банкар и политичар,  триесетиот Потпретседателот на САД (1925-1929 година). За својата работа на Dawes планот за репарациите за Првата светска војна тој беше ко-добитник на Нобеловата награда за мир. Служеше во Првата светска војна; беше американски контролор на валутата; прв директор на Бирото за Буџетот; американски амбасадор во Обединетото Кралство.

 

Charles G. Dawes
  • Aristide Briand, (28 март 1862 година – 7 март 1932 година), француски државник; премиер на Франција. Во 1909 година на позицијата Премиер го замени Clemenceau и остана да ја извршува оваа функција до 1911 година, а повторно и неколку месеци во 1913 година. Во октомври 1915 година, по пораз на Франција во Првата светска војна, Briand повторно е именуван за премиер, и за првпат, за Министер за надворешни работи, наследувајќи го René Viviani и Théophile Delcassé. Но, поднесе оставка во март 1917 година. Сепак, Briand се врати на власт во 1921 година, но неговите обиди да обезбеди договор со Германците за репарации беа неуспешни. Подоцна именуван како Министер за надворешни работи и оваа функција ја извршуваше се до својата смрт во 1932 година. Во неговиот животен век, беше член на 14 кабинети, од кои на самото чело беше три пати. Нобелова награда за мир доби во 1926 година.

 

Aristide Briand
  • Frank Billings Kellogg, (22 декември 1856 година – 21 декември 1937 година); американски адвокат, политичар и државник кој беше дел во американскиот Сенат на позицијата Американски државен секретар. Тој е ко-автор на Kellogg -Briand пактот, за што ја доби Нобеловата награда за мир во 1929 година.

 

Aristide Briand
  • Carl von Ossietzky, (3 октомври 1889 година – 4 мај 1938 година); радикален германски пацифист и добитник на Нобелова награда за мир во 1935 година. Тој беше осуден за велепредавство и шпионажа во 1931 година, откако објави детали за наводната повреда на Германија на Версајскиот договор. Во 1990 година неговата ќерка, Rosalinde von Ossietzky-Palm, побара за повторување на постапката, но пресудата беше повторно потврдена од страна на Сојузниот суд на правдата во 1992 година.

 

Carl von Ossietzky
  • George Catlett Marshall, (31 декември 1880 година – 16 октомври 1959 година); американски воен лидер, началникот на Генералштабот на Армијата, државен секретар, како и третиот Секретар за одбрана. Именуван на позицијата, Началник на Генералштабот на САД за време на војната и главен воен советник на претседателот Franklin D. Roosevelt. Како државен секретар, неговото име беше ставено на “Маршаловиот план“, за кој всушност ја доби Нобеловата награда за мир во 1953 година.

 

George Catlett Marshall
  • Yitzhak Rabin, 1 март 1922 година – 4 ноември 1995 година); израелски војник и политичар. Се бореше против британските власти и учествуваше во вооружените акции против Французите во Сирија и Либан. За време на Првата Израелско-арапската војна, 1948 година беше Командант на одбраната на Ерусалим, а во последните фази на војната ги предводеше операциите против Египет во пустината Негев. Во 1964 година именуван за началник на Генералштабот. Една година по завршувањето на војната ја презеде функцијата амбасадор во САД. Во 1973 година влезе во политиката по оставката на Golda Meir, а во 1974 година и стана петтиот израелски Премиер односно првиот израелски Премиер роден во Израел. Во април 1977 година, по серијата скандали, беше принуден да го напушти раководството на партијата. Од 1984 – 1990 година, Rabin е именуван за Министер за одбрана. Во 1992 година се врати на чело на Лабуристичката партија и беше именуван за Премиер по изборите. По тајни преговори, во 1993 година потпиша договор со долгогодишен непријател Yasser Arafat, а во 1994 година ја доби Нобеловата награда за мир. За време на мировниот митинг во 1995 година тој беше убиен од страна на израелските екстремистички претставници на Yigal Amir и неговата смрт допринесе да се забави мировниот процес на блискиот исток

 

Yitzhak Rabin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi