Познати масони од Италија – 2дел

popara20 јуни, 20113min00
images

Француска револуција

Пред почетокот на Револуцијата во 1789 година само една ложа не беше засегната. Во Неапол, со указ од Кралството беа суспендирани сите ложи, така што Провинциската Голема ложа престана да функционира. Покрај тоа, многу од браќата во “англиската“ ложа продолжија активно да функционираат и да се залагаат за слобода под маската на Клубот на јакобитите. Во 1799 година во Неапол, започна со функционирање француска единици. Во исто време, Кралот Ferdinand, се врати на својот посед во Палермо и само со еден потег се откажа од Кралството и од неговата интелектуална елита.

Кон крајот на столетието останатите ложи од полуостровот не беа многу активни, но сепак се споменуваат ложите во Торино, Генова, Милано, Ливорно, Венеција, Падова, Виченца и Верона. Голем дел од овие ложи мораа да прекинат со функционирање поради зголемените репресивни мерки на владата од една страна и Ватикан од другата страна.

Периодот на Napoleon

Како и на секоја територија која беше завладеана од Napoleon, така и во Италија, слободното ѕидарство преку голем број на заговори беше ставено во служба на државата. Поради тоа се случија промени на ритуалите, што е спротивно од правилата на вистинското слободно ѕидарство и овие измени фунцкионираа се до 20от Век. Пијемонт, Лигурија и Ватикан се прилагодија на францускиот начин на владеење. Ложите во овие региони, беа подчинети под Големиот Оријент на Франција, кој во тоа време ги почитуваше француските односно модерни обреди со седум нивоа. Вкупно функционираа 35 ложи, меќу кои и една во Alexandria под името “Пријатели на Napoleon”.

Останатите подрачја на Северна Италија беа обединети во едно подрачје кое беше под владеењето на Napoleon. Од 1805 година, 28 ложи од новото кралство потпадна под власта на Големот мајстор Eugene de Beauharnais, поткрал на кралството и посвоен син на Napoleon.

Во Неаполското кралство, Joachim Murat имаше обид да се оддвои од својот девер Napoleon I, така што го формираше Големиот Оријент на Франција со додавката “реформирани одред“. Паралелно во 1809 година настана Врховниот совет AASR кој во 1813 година управуваше со третина од 112 кралевски ложи. Во секој случај Големиот мајстор и Големиот управувач беше Murat.

На крајот Тоскана со своите четири ложи се потчина под авторитетот на француското ѕидарство, а ложата “Napoleon” од Ливорно се одликуваше со извонредно функционирање. Членовите на италијанската ложа, регрутираа од една страна, француски офицери, службеници и опортунисти, а од друга страна, од редовите на идеалистите кои во Napoleon гледаа можност за воведување на апсолутистичката монархија. Поразот на Napoleon во 1815 година кај Ватерло, предизвика пресврт кај ѕидарите и целосно парализирање на активностите на ложите.

Giuseppe Mazzini

“Risorgimento” (Преродба)

По завршувањето на Конгресот во Беч во 1815 година, Италија остана расцепкана исто како и пред Револуцијата. Со повторното воспоставување на стариот режим, се овозможи создавање на тајни друштва, од кои најважно беше “Carbonari”. Оваа друштво се формираше со цел обединување на Италија, а нивната лозинка “Чистење на шумата од волкови“, значеше ослободување од тиранијата. Кон неа се приклучија голем број на патриотски настроени слободни ѕидари, надевајќи се на ослободување на својата земја од странскиот јарем. Но, функционирањето на ложата замре во наредните четириесетина години. Тоа беше многу конфузен период во кој секоја ложа си имаше свои ритуали. Поради тоа се појавија ривалски односи помеѓу Големиот Оријент во Рим, Торино, Палермо, Наполи, Бар и Милано.

Слободниот ѕидар Грофот Federico Confalonieri, беше сосема спротивен од останатите – тој беше либерал, претставник на ломбардиското благородништво. После австриската окупација, во Милано 1814 година, застана на чело на привремената влада на Цар Franz II, кој во тоа време се наоѓаше во Париз. Имаа за цел да ги изнесат и реализираат народните барања за Ломбардија, но беа одбиени од страна на монархот и истовремено се издадоа остри мерки против “јакобистите и слободните ѕидари“. После колапсот на Либералната партија во Пијемонт, 1821 година беше уапсен Confalonieri и без никакви докази осуден на смрт. Тој ја одби понудата за бегство од војниот управител Грофот Bubne, а после интервенцијата на миланскиот Надбискуп му беше преименувана казната во доживотен затвор. Ослободен е во 1835 година, а после смртта на царот, се врати назад во татковината.

По примерот на Garibaldi и Mazzini голем дел од членовите, увидоа можност за создавање на национална политика, со многу идеали, но и со големи структурални и идеолошки промени.

Истакнатиот руски анархист, Mikhail Bakunin иако не беше слободен ѕидар, сепак во својата книга “Собрани дела“, пишуваше за италијанското слободно ѕидарство за време на основањето на “Млада Италија“ и за обединувањето “на вистинскот дух, најверните срца, најгордите луѓе и најхрабрите карактери“.


Обединување

На политичката сцена, целта која требаше да се реализира беше протерување на австријците, создавање на обединета нација и обединување на расцепканото ѕидарство. Покрај слободните ѕидари постоеше и движења со радикално политички тенденции, а меѓу нив најрадикални беа членовите на “Carbonari”. Слободното ѕидарство ги следеше идеалите и либералните цели без водење на активна политичка борба. Како што се гледа од извештајот на Buscalioni, не може да се повлече јасна граница помеѓу здружението “Carbonara” и слободните ѕидари.

Политичарот и публицист Carlo Michele Buscalioni во 1860 година, пишува за походот на Гарибалди во Марсеј: “Похотдот од неколку илјади луѓе беше поттикнат од страна на братот Mazzini, а го изведоа браќата Crispi, Bertani и Lafarina. Се пловеше на два брода, кои беа дадени на располагање од слободниот ѕидар Fauché; парични средства се собраа од страна на браќата Lafarin и C.M.Buscalioni. Командант беше Garibaldi, негов заменик Brixio, а негови офицери и доброволци беа слободните ѕидари. Оваа херојска експедиција, за слободното ѕидарство претставува една од позначајните страници“.


На 28 Август 1861 година, Giuseppe Garibaldi беше избран за Суверен Голем управител и Голем мајстор на ѕидарскиот центар во Палермо.

Првата ѕидарска организација со италијански корени “Grande Oriente” (GO) од Торино се формираше во Ноември 1861 година, но веќе во 1864 година беше укината. За време на конституционалното собрание во Ноември истата година со обединување на 72 ложи од Фиренца и ѕидарскитела, се основаше Главниот Оријент, а за Голем мајстор беше именуван Garibaldi. Главниот Оријент организираше голем број на Конгреси со антиклерикалистички тенденции. После 1870 година седиштето на Главниот Оријент се пресели во Рим, а веќе на 23 Мај се усвои конституцијата од страна на Советот.

На погребот на Mazzini на 17 Март 1882 година во Рим за прв пат на улиците можеа да се забележат знамиња на слободните ѕидари како се веат слободно. Свечената поворка, која беше составена од членовите на Главниот Оријент, се движеше од Плоштадот Дел Пополо до гробиштата.

Политичките ангажмани на слободните ѕидари го поттикнаа свештеништвото кое беше поддржано од Папата, во периодот од 26 до 30 Септември 1896 година да организира во Тренто Меѓународен Конгрес против слободните ѕидари. На тој конгрес учествуваа околу 3.000 претставници од повеќе држави, а целта беше да се пронајде начин “како може да се забрани дејствувањето на оваа сатанска секта, наречена ѕидарство“.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag