ПОЗНАТИ МАСОНИ ОД САД – ТРЕТ ДЕЛ

30 мај, 20110
aaa

Расизам

Исто како и во многу други земји и во САД се појавуваат проблеми со етничките малцинства. Со пренесувањето на овие проблеми меѓу Масоните во ложите, произлегоа две појави кои се значајни да се споменат.

Долго време слободни ѕидари можеа да бидат само лица од белата раса. Логична последица која произлегува од тоа е формирањето на црнечка ложа односно формирање на подружница “Prince Hall”. Веќе во 1982 година ја сочинуваа 44 Големи Ложи со 288.000 членови и 1.600 ложи.

Врз основа на принципот на Големата Ложа која што функционираше на оваа територија, долго време не ја признаваа подружницата “Prince Hall“ и ја сметаа како “нерегуларна“.

Втората светска војна поттикна на “мешање“ на Големите Ложи и покрај различната боја на кожа и се овозможи приближување на различните раси. До тоа дојде благодарение на заедничката борба и долгогодишното служење против окупациските трупи.

Во 1976 година “Prince Hall” го објави податокот од постоење на 60 воени ложи во Англија, во другите делови на Европа, Азија, Панама и 20 на пацифичките острови.

Уште во времето на Мартин Лутер Кинг започна пострасистичкиот период како и спознавање на поимот “политички исправно“. Овие две појави доведоа во 1994 година Големата Ложа “Prince Hall” од Масачусетса да се здобие со признание од страна на британскиот “Board of General Puropse”. Оваа декларација ја имаат добиено и Големата Ложа на Англија и Големата Ложа на Шкотска и Ирска.

Многу е важно да се истакне дека оваа декларација се однесува само за Масачусетс, а не и за други ложи. Сепак Бостон, останува на почесното и најзаслуженото место за отварањето и функционирањето на “Prince Hall”. Интересно е да се следи напредокот на оваа ложа иако е доста бавен и спор.

 

Ложи кои припаѓаат на Prince Hall

Prince Hall е со потекло од  Барбадос. Тој е ослободен роб кој има поминато многу години во Бостон,а примен е на 06 март 1775 година во Воена ложа бр. 441«38 заедно со ирски пуковник и 15 војници од црната раса.

Сосема е сигурно, дека овие 16 војници не би можеле да влезат во друга ложа, со исклучок на воената ложа бидејќи во тој период на сила биле забраните за влез на црници во која било ложа.

И покрај сé, Hall одлично ја водеше ложата во вакви услови. По прогласувањето на независнот, Hall од Големата Ложа на Англија бара “патент” и истиот му е издаден на 29 септември 1784 година под името “African Lodge 1 Nr. 459”, а беше издаден од страна на Големиот мајстор “Modernih” војвода од Камберленд. Сепак, ова потврда беше добиена две години подоцна, кога Hall немаше платено надоместок за неа.

Бидејќи Големата Ложа на Масачусетс е формирана уште во 1733 година, со “патент” само се потврди нејзината територијалност. Ложата се до 1798 година, редовно ги плаќаше предвидените парични надоместоци кон Англија. По смртта на основачот на оваа ложа Prince Hall во 1807 година, ложата беше во мирување. Познато е дека активистите повторно почнале да дејствуваат неколку години подоцна и дека Обединетата голема ложа на Англија располагала со овие информации, меѓутоа не превзела никакви активности. Растот на бројот на црните браќа доведе до усвојување на протокол со кои прогласија целосна независнот од Обединетата голема Ложа на Англија (18 јуни 1827 година).

На 22 Септември 1797 година, Hall издаде еден “патент” за црните браќа во Филаделфија. Следбениците на Hall го имаат издадено истиот документ и за следните три ложи: “Union Nr. 2”, “Laurel Nr. 5” и “Phoenix Nr.6”. Овие четири ложи во 1815 година заедно ја формираа “Првата афричка независна Голема Ложа на Пенсилванија“. Тоа всушност беше почетокот на работата на Големата Ложа “Prince Hall”.

Афричката ложа од Бостон исто така, издаде “патент” на три ложи во Њујорк. Hall едниот го има издадено во Провиденс на ложата формирана во 1797 година на територија на Род Ајленд иако во периодот помеѓу 1813 до 1845 година беше во мирување. Исто така, во периодот помеѓу 1827 до 1845 година, се случи аферата Morgan која го попречи развојот на слободното ѕидарство.

Во Јуни 1847 година, со поттик од страна на Афричката голема Ложа е основана “Национална голема Ложа на Северна Америка“. Напредокот на оваа Голема ложа беше проследена со голем број на случувања. Според Џон Хамил, постоеле седум ложи надвор од САД кои функционирале врз основа на “патент” кои биле издадени од Националната голема Ложа.

Ложите кои се формирани во странство биле во: Канада (Hamilton Ontario, 1856), Liberiji (1867), на Бахамските острови (1951), Алјаска (1969), Невада (1980) и на Карипските острови (Барбадос, 1993). Со тек на време го имаат превземен името “Prince Hall”, а во Англија во 1985 година се регистрирани вкупно пет ложи под името “Prince Hall”.

Беше се потешко Големата ложа да издаде ознака “регуларна“. Се чекаше до 1993 година, кога Конектикат и Небраска ја дадоа својата согласност. Во осум сојузни држави, ложите имаат само една Голема Ложа “Prince Hall”, но само шест од нив има реципроцитет. Од овде произлегува дека големата ложа на север ја отвори својата врата за црните браќа. Иако, на југ, кај менталитетот немаше значајни промени.

Според Џозеф Волкес, Претседател на друштвото “Phylaxis”, постои огромен расистички јаз кој  значајно се намалува во наредното столетие. Покрај се, Обединетата голема Ложа на Англија ја призна Големата Ложа “Prince Hall” од Пенсилванија, Охајо и Калифорнија / Хаваи. Според бројот на ложите кои ја имаат признаено Големата Ложа “Prince Hall” се искачи на 28 место во САД, 7 во Канада и на многу подобри позиции во прекуморските земји (според Masonic Digestu – Април 1999).

 

“Црни браќа“ во“ белите“ ложи

Во текот на 19 Век се појавуваат неколку поединечни безуспешни обиди. Имаше поединечни посети во 1838 година (Њу Џерси) и 1850 година (Делавер). Во периодот помеѓу 1867 и 1838 година се примени четири афроамериканци (од Индијана, Масачусетс и  Вермонт). Ложата “St. Andrew” во Бостон околу 1850 година прими девет афроамериканци. Осум од овие членови во 1870 година имаат доставено барање до Големата ложа на Масачусетс за основање на ложа, меѓутоа барањето било одбиено. Исто така, слично барање е одбиено и во 1870 година на слободниот ѕудар Prince Hall кој го има доставено до Големата ложа на Њу Џерси под името “Cushite Lodge”.

Тогаш седум ѕидари од белата раса го имаат доставено барањето за основање на ложа во Њуарк (Њу Џерси) под името “Alpha Lodge Nr.116“. По доставувањето на барањето за отварање на ложа предложени се 13 кандидати, од кои дванаесет биле афроамериканци, а прифатени се девет. Во 1877 година, за прв пат на престолот е именуван афроамериканец Мајстор. Помеѓу 1871 – 1938 година, оваа ложа имала 198 членови, 19 белци, 176 афроамериканци, двајца Индијанци и еден Индиец.

Големиот мајстор од ложата во Њујорк во 1970 година, утврдил дека според неговата јурисдикција “после темните времиња“ може да се пристапи кон прифаќање на афроамериканци!

Во Канада афроамериканци се примаат како слободни ѕидари од 1856 година и од тогаш не постојат никакви расистички ограничувања.

 

Заклучок

Од пред неколку години во САД е забележан значаен пад на бројот на членови во ложите. Тоа всушност е последица на неколку причини: можеби главна причина се американските ѕидари кои премногу се насочени кон “Service club” – добротворни организации. Симболиката е еден од главните столбови на европското слободно ѕидарство, а таму е заменета со обреди, грандиозни и помпезни формалности. Дополнителен факт е борбата против комунизмот која долго време ги мобилизираше “духовите“, а со тоа ги хранеше ложите со демократска сила која тежнее кон слобода.

Во САД во 1910 година имаше 1.250.000 слободни ѕидари, 1970 година е постигнат историскиот врв – 4.800.000, а веќе во 2002 има помалку од 2.000.000 членови.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber