Познати места каде масоните ги одржуваа своите состаноци во бивша Југославија – прв дел

popara8 јули, 20114min01
masoninew

I

Денешната Галерија на “Prirodnjački muzej “на Калемегдан е познат за сите белграѓани, но нејзиното настанување за голем дел од нив е непознат. Оваа градба, иако денеска изгледа како добро зачувана, беше изградена во триесетите години на 19ти век и спаѓа во една од најстарите згради која опстана после сите деструкции во Белград, но она што е најинтересно е фактот дека претставува првата зграда наменски изградена за потребните на масонската ложа.

Како што истакнуваат масоните, голем дел од симболите не е лесно да се препознаат од страна на обичните поминувачи и набљудувачи. Сепак, на оваа зграда може да се забележат пиластрите кои асоцираат на столбовите Jakin и Boaz, а петте скалила на влезот ги претставуваат петте чекори кои се потребни да ги поминат занаетчиските членови за да влезат во масонскиот храм. Jakin и Boaz, според масонските видувања, го означуваат двојноста на светот, симболичко гледање на двата пола. Влезот во храмот е поставен кон север, што претставува правило во градењето на масонските хрмови иако сите страни на светот се важни за масоните.

Зградата на денешниот “Prirodnjački muzej “ има две симетричко поставени простории во однос на влезот и до нив води ист ходник, додека централната просторија е паралелно поставена со влезот на зградата. Според ваквиот распоред на просториите јасно се гледа дека зградата е наменски градена за храм, а централната просторија има правоаголен облик, која има “пристап“ до сите страните на светот. Посебно внимание се посветува на исток, каде во текот на слободноѕидарските церемонии седи Големиот мајстор или Старешината на ложата, а ложата е поставена на три столба, во конкретниот случај на три дрвени столба кои во масонството означуваат мудрост, моќ и убавина. Овие столбови според старата грчка традиција, со својот изглед асоцираат на дорски, јонски и коринтски стил.

Денес во оваа зграда е сместена Гарлијата на “Prirodnjaikog muzeja“.

Слободните ѕидари имаа уште неколку места каде што се среќавале и ги одржувале состаноците, но, нажалост голем дел од тие згради не се зачувани.

II

Една од ваквите места претставува Staro Zdanje кое се наоѓа наспроти денешното Основно училиште “Kralj Petar“ во истоимената улица.

Во оваа зграда во периодот од 1883 до 1990 година се одржуваа состаноците на ложата “Sloga, rad I postojanstvo”, а на функцијата Старешина беше именуван Mihajlo Valtrović. Просториите на ложата се наоѓаа точно наспроти станот во кој живееше Valtrović. Така беше се до 1900 година, кога просториите на ложата беа преместени во службените простории на Дирекцијата на државната железница. Интересен податок е што голем број на слободни ѕидари кои беа членови на оваа ложа всушност беа вработени во Дирекцијата.

Mihajlo Valtrović

Според прибелешките на Divna Đurić-Zamolo, напишани врз основа на сеќавањата на неколку хроничари, хотелот “Staro zdanje“ најпрво го имаше називот “Kod jelena”, а потоа “Grand hotel“. Беше изграден помеѓу денешната улица Kralja Petra, Gračaničke, Ivan-begove и Čubrine, а изградена од страна на Кнез Mihailo Obrenović за време на неговото владеење.

Knez Mihailo Obrenovic

Кнез Aleksandar Karađorđevi ć, беше на чело на Србија помеѓу двата периоди на владеење на Кнез Mihailo Obrenović, а потоа гради друг европски хотел, “Srpska kruna”, кој белграѓаните често го нарекуваат “Novo zdanje”. Така “Grand hotel”, повторно стана “Staro zdanje”, на кој се сеќаваат и старите белграѓани до неговото рушење во 1938 година.

Хотелот се издаваше под закуп, поради што се променија голем број на сопственици. За нас интересен е период кога Grand hotel го имаше закупено Полковникот Miličević, татко на Dušana Milićević; извесен период подоцна откако државата оваа зграда ја искористи за Дирекцијата за државната железница, беше изграден нов Grand hotel на улицата Knez Mihailova.

Меѓутоа не е познато потеклото на оваа зграда, иако има огромна важност во општествениот живот, а според прибелешките на Branislav Nušić (долгогодишен слободен ѕидар),“Grand Hotel” претставуваше најотмена кафана и хотел во Белград.

За хотелот карактеристичен претставува и фактот дека само извесен период по неговото отварање, во него започнаа да се собираат и група на следбеници на Илирското движење. Според прибелешките на Divna Đurić-Zamolo во хотелот престојуваше Ljudevit Gaj, а во историјата на Илирското движење е забележано дека во 1844 година во Белград беше основано тајно друштво за пропагирање на југословенските идеи, чии што членови беа и некои од најблиските соработници на Gaj.

Ljudevit Gaj

“Grand hotel” имаше богата и значајна историја, меѓутоа се претпоставува дека намерно беше предизвикан пожар. Во своето истражување Divna Đurić-Zamolo имаше пронајдено податоци за исповед на еден свештеник кој наводно признава дека во 1849 година го запалил “Staro zanje” за одреден износ на парична награда.

Така што масоните од ложата “Sloga, rad I postojanstvo” во 1900 година мораа да ја напуштат ова историско значајно обележје, а состаноците извесен период ги одржуваа во станот на Valtrović. Но, по извесен период, многу почести состаноци одржуваше во просториите на Narodni muzej.

III

Слободните ѕидари одржуваа состаноци и во поранешниот хотел “Srpska kruna”, во зградата на почетокот на улицата Knez Mihail, каде сега се наоѓа “Biblioteka grada Beograd”.

Хотелот “Srpska kruna” беше изграден во 1867 година и во тоа време претставуваше најубав хотел во Белград. Поради бурните времиња, оваа зграда ја менуваше својата намена, па така во неа беше сместена и Narodna biblioteka во периодот од 1945 до 1970 година, кога беше преместена во денешната зграда покрај храмот Svetog Save.

Намената на оваа зграда ни после тоа не беше битно променета бидејќи и денеска во неа се наоѓа Biblioteka grada Beograd.

IV

Уште едно значајно место каде што се среќавале масоните беше сместeно непосредно покрај Skadarlija, во зграда која се наоѓа на улицата Zetkoj. Денес не е лесно да се препознае која е таа зграда, доколку се набљудува само надворешноста. Нас, ни беа достапни само информациите дека во една од овие згради се одржувале состаноците на слободните ѕидари, но не успеавме да дојдеме до пишан податок за која зграда станува збор.

Голем дел од ложите своите состаноци ги одржувале во згради кои не биле наменски изградени, но внатрешноста била адаптирана за нивните потреби. Поради тоа, зградите кои денеска се сеуште сместени на оваа улица немаат надворешни обележја по кои би ја препознале.

V

Пред почетокот на Втората Светска војна, слободните ѕидари се собирале и во зграда која се наоѓа непосредно во близина на зградата на Narodnog pozorišta, на денешниот Trg Republike. Меѓутоа, во тоа време не постоеше денешната зграда “Jugodrvo”, која се наоѓа само во непосредна близина на Narodnog pozorišta, туку на нејзино место постоеше друга зграда во која извесен период масоните ги одржуваат состаноците.

VI

Уште една зграда која е од големо значење за масонството, меѓутоа пред војната во Белград беше срушена, се наоѓаше на аголот на улиците Prote Mateje и Njegoševe. Слободните ѕидари ги одржуваа своите состаноци во оваа зграда, а покрај тоа, во неа живееше Jova Aleksijević, секретар на Новиот завет на шкотскиот ритуал во Србија и Голем секретар на Големата ложа на Кралството СХС.

Aleksijević беше долгогодишен главен уредник на масонското списание “Neimar”, кој започна да се издава во 1912 година во Белград. Редакцијата на списанието се наоѓаше токму во оваа куќа, а адресата беше точно наведена во списанието: Prote Mateje 23, администацијата се наоѓаше на адресата Studeničkoj 46A, односно во зграда која исто така имаше големо значење за историјата на масонството. Всушност улицата Studeničkoj во меѓувреме го смени своето име во Garašaninova. Оваа улица подоцна претставуваше собиралиште на Големата ложа “Jugoslavija”.

VII

Особено интересна за масонството беше зградата која беше во сопственост на Vojislav Kujundžić, а се наоѓаше на улицата Jakšić 9. Kujundžić беше познат и докажан слободен ѕидар, кој остана забележан во историјата по тоа што беше еден од основачите на друштвото “Oganj”. Инаку, за време на втората половина од 20 век, оваа зграда беше срушена, а на нејзино место постои паркинг. Поради тоа, што просторот не беше искористен за некоја намена, се наметнува прашањето кој и зошто донесе одлука за рушење на зградата. Како не потврдена информација е дека била срушена со цел на нејзино место да се изгради Arhiv SANU.

Додека некои тврдат дека зградата била срушена, бидејќи во неа се собирале масоните, други тврдат дека оваа одлука била донесена со цел да се промени и поднови изгледот на Белград, во пост-воениот период. Инаку беше изградена во 1921 година, а како градежник на зградата беше потпишан инженерот Nikola Matejić.

Во оваа зграда извесен период беше сместено Киното “Korzo”, во кое после прикажувањето на филмовите беше адаптирано за одржување на состаноците на масонските ложи.

Утре продолжуваме….читајте www.popara.mk

One comment

  • bogomil

    18 јули, 2011 at 15:05

    interesni se tekstovite, ama tolku se nepismeno prevedeni osobeno IMINJATA sto e strasno da se cita i go odvraka citatelot. eden web sajt ne smee da si dozvoli vakva nepismenost

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag