Машка проституција: Приказна на сопственикот на Агенција за придружба на осамени дами од Нови Сад

8 јули, 20110
muskarac0

Жиголо во костум на покоен сопруг

Требаше секоја сабота да бидам кај неа во 08:00, да седнам во столица и да се нишам полека онака како што правел нејзиниот поколен споруг Богдан, да пушам од луле и да го носам неговите омилен џемпер.

– Уште додека бев студент живеев од ова. Прво, почна со газдарицата на станот бидејќи немав како да си ја платам киријата, за на крајот да заврши како професијата. Моите другари од студентските денови знаеа што работам, но сега работата отиде подалеку. Не сум сигурен дали ова го правам само заради добрата заработувачка. Но, полека почнав да “пукам” …

Вака ја започна животната приказна мојот соговорник, Драган од Нови Сад. Завршил на Правен факултет, но не станал адвокат, туку започнал да ги задоволува постарите дами.

– Морам да признаам, ми беше убаво, имав комфор. Наместо да јадам грав од студентската менза, јадев во ресторани шкампи и ракчиња, пиев бело вино…. Најважно од сé ми беше што секогаш во џебот од јакната имав пари. Тоа е добро, си мислев, одлично ми оди …

Затоа до сега се немам оженето, немам своја фамилија и не работам на својата професијата. Денес сум сопственик на Агенција за придружба на осамени дами…моите клиенти ме знаат во Нови Сад. За среќа, ова е пософистицирана животната средина. Во мојот роден крај, во Шумадија би бил пример за неморалност…

– Во текот на овие дваесет години, колку што сум во овој бизнис, имам доживеано сé. Вообичаено луѓето мислат дека ова работа е врзана исклучиво за секс и задоволување на настрани потреби. А, всушност работата е многу подлабока….има своја психолошка позадина и за двете страни.

– Како “почетник”, имав клиентка, жена која бараше од мене да бидам кај неа секоја сабота точно во 08:00 часот, да носам облека од нејзиниот покоен сопруг, да седам во неговата столица и да се нишам полека, како што тоа го правел нејзиниот Богдан, да пушам луле и да ставам вода во саксиите со цвеќе. Физички, многу потсетував на него, за среќа… Секоја саботна вечер морав да легнам во нивниот брачен кревет и да заспијам на грб, а таа само да лежи до мене…. Во недела во раните утрински часови одевме на гробишта, да оставиме свежо цвеќе на гробот и да ја промениме водата во вазните… Но, во период од десет години, колку што траеше нашата “дружба“ никогаш не се обиде да има секс со мене. Но, и оваа услуга која ја правев скапо се плаќа.

– Како и во секој друг бизнис и тука е многу важна довербата. Ова дружење не е само работа, туку има своја длабочина…потребна е дискреција, бидејќи средината не треба да дознае. Никогаш несееш да се осмелиш да зборуваш. Ниту пред роден брат. Тоа е принципот што секогаш сум го почитувал и кој ме одржува да можам да работам толку долго време…отсекогаш сум ја почитувал дискрецијата.

Како се заработува?

– Може многу да заработите, доколку знаете да работите. Јас лично имам многу пари. Сега сум во позиција да се прашувам што ќе ми се толку. Немам семејство, нема многу пријатели, немам слободно време. Ова е страшно брз и динамичен бизнис. Ова не е камион што може да чека до утре. Овде мора да ги исполните сите желба во моментот кога ќе се посакаат, а притоа не смеете да задоцните. Главно има две категории на клиенти: во првата спаѓаат дамите на кои животните можности и шанси ги одминале; а во втората категорија се дамите кои имаат многу пари и не знаат што да прават со себе и со животот. Повеќе не им е интересно крстарење по Медитеранот или сафари во Кенија или Северниот Пол. Но, сакаат сето тоа да го имаат во моментот кога ќе го посакаат…а јас треба сè да симулирам – громогласни бранови на Медитеранот и Северните ветрови и завивањето на мечката. Само тогаш уживаат, целосно …а мене понекогаш не ми е дојдено до ништо …

– Многу често размислувам дали ова што го правам претставува проституција или има своја социјална димензија. Вистината е, јас работам за пари, но зарем и ти не го продаваш своето тело, својата душа, дел по дел во секој твој текст. Зарем и ти не си новинарска проститутка – ме праша Драган…

Останувам со главата “закопана“ меѓу буквите и речениците на мојот текст…

– Ти ја продаваш твојата глава и раце и нозе за пари. И јас го правам истото, само што изгледа малку поразлично. Јас сум сепак далеку подобро платен…

– Сега ќе ти раскажам за г-ѓа Џудит. Секое утро одам кај неа, и ја бакнувам рака, и давам црвена роза и ѝ кажувам дека е број еден, дека е најубава. Тоа го бара со години и тоа го правам за неа со години. Понекогаш, навечер и читам поезија, слушаме заедно стари унгарскиот мелодии, иако не знам ниту еден збор на унгарските… Често бара да се согласувам на секоја нејзина приказна, да и кажувам дека е мудра и паметена… тоа и го правам… За секс никогаш не сме разговарале, сеуште. Има повеќе од педесет години … Сега знам дека ќе ме прашаш колку чини вакво задоволство. Ќе ти кажам – триста евра месечно. Јас ја дадов понудата, а г-ѓа Џудит се согласи…

– Сега сме вкупно четири лица во агенцијата. Јас се помалку и помалку работа, се чувствувам исцрпено. Во Агенцијата, компјутерот е полн со фолдери, со податоци, со мобилни, со термини….а зад секое име на дама стои и нејзината желба, која мора навреме да биде исполнета…нема доцнење…нема чекање…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi