Познати противниците на нашите најдобри ракометни екипи

popara28 јуни, 20111min00
metalurg_vardar_markicevic

Македонскиот ракометен шампион во машка конкуренција, Металург, го доби израелски Макаби за ривал во полуфиналето од групната фаза во квалификацискиот дел од Лигата на шампионите.

Најдобриот женски состав, Металург, во полуфиналниот дуел во овој квалификациски дел ќе игра со Елда Престиго од Шпанија.

Во Виена се извлечени квалификационите групи за влез во групното натпреварување во Лигата на Шампоионите.

РК Металург е извлечен во третата група:

1. Металург – Македонија
2. Хафнарфјордур – Исланд
3. Хаслум – Норвешка
4. Макаби – Израел

Полуфиналните парови се:
Металург – Макаби  3 септември
Хафнарфјордур – Хаслум  3 септември

Победниците од полуфиналните средби ќе се пласираат во финале ( 4 септември) и, во меѓусебен дуел, ќе го дадат учесникот за групната фаза на Л.Ш. Домакин на квалификациониот турнир е екипата на Макаби, а, ако евентуално се откажат, втор избор е Металург.

По извлекувањето претседателот на клубот Ристо Чокрев изјави: “Добивме противници по мерка. Без желба да ги потценам претставниците на Израел, Исланд и Норвешка, сметам дека можеме да го освоиме првото место во групата и да се пласираме во Л.Ш. Со ниту еден од претстојните противници не сме се среќавале ниту имаме информации за нивната реална сила. На 20 јули е првиот собир на екипата и ќе направиме се за да бидеме максимално спремни за претстојниот квалификационен турнир.”

Од друга страна најдобриот женски колектив ЖРК Металург е извлечена во втората група:

1. Бјасен – Норвешка
2. Елда Престиго – Шпанија
3. Металург – Македонија
4. Второпласираниот од претквалификационата група “Б“

Претквалификационата група “Б“ ги има следните учесници: Ускудар (Турција), Заечар (Србија), Михаловце (Словачка) и Весели (Чешка).

Полуфиналните парови се:

Металург – Елда Престиго  17 септември
Бјасен – Квалификант  17 септември

Победниците, во меѓусебен дуел (18 септември) ќе го одредат патникот во Л.Ш.

Домакин на овој квалификационен турнир е нашата екипа. Значи, втора година, по ред, ќе гледаме квалификации во Автокоманда.

По ждрепката, тренерот на дамите, Крсто Петрушевски изјави:  “Добивме тешки противници од земји чии претставници играа на последното финале во Л.Ш. Домашниот терен е наша голема предност и ќе направиме се за да се пласираме во Л.Ш. Имајќи го во предвид поразот на нашата репрезентација од селекцијата на Шпанија, ја посакував токму екипата од таа земја. Тимот на Елда Престиго има силен состав, меѓутоа и ЖРК Металург не е истата екипа од лани. Ако го пројдеме полуфиналето тогаш најверојатно ќе се сретнеме со нашиот должник од ланските квалификации, екипата на Бјасен. Мислам дека сме на прагот на еден историски успех, по само две години од постоењето да играме во групната фаза на најеминентното европско натпреварување.”

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag