Ниту познатите личности неможат да го избегнат празничното раположение, затоа е штедат на своите најблиски. Погледнете што подаруваат познатите, па можеби ќе добиете инспирација за вашите подароци!
Факт е дека познатите немаат финансиски ограничувања кога станува збор за подароци, а накои имаат и лични асистенти за купување. Затоа листата на подароци кои ги добиваат или подаруваат се повеќе од разновидна.
Познатиот актер Џони Деп за време на снимањето на филмот “Rum diary” добил од својот продуцент Корвета од 1959 година. Многу скапоцен подарок, а тој штеди на даноци.
Тејлор Свифт од поранешниот дечко подарок за Божиќ добила гитара вредна 11 илјади долари.
Еден од најпопуларните парови во изминатата година, Џенифер Анистон и Џастин Теру веројатно со нетрпение ги очекуваат празниците, а можеби и принова. Всушност, минатата година Џастин од својата поубава половина добил оригинална јакна која ја носел познатиот Џејмс Дин, за која Џенифер издвоила дури 12 илјади долари.
А кога се работи за подароците за деца, познатите ги преместуваат границите!
Викторија Бекам на своите деца редовно и купува се и сешто, а за Божиќ им подарила куќичка на дрво вредна 50 илјади долари. Бред Пит бил скромен па на своите деца им подарил играчки – хелихоптери. Играчките се симболичен подарок кој познатиот актер го памети од детството. Тогаш малите хелихоптери му биле најдраг божиќен подарок.
Џорџ Клуни на пријателите им подарил DVD со неговите сто најдраги филмови.
Најпознатите “пријателки” на светот Кортни Кокс и Џенифер Анситон доста се потрошиле за Божиќ. Кортни на својата пријателка Џенифер и подарил велосипед вреден 12 илјади долари.
Практичност е мотивот кој го води актерот Метју Меконахи. За Божиќ најчесто подарува ламби или електрични четки за заби.
Кога станува збор за поубавата половина, подароците стануваат се поскапоцени и посебни.Џеј Зи на Бијонсе и подарил дизајнерска чанта вредна 350 илјади долари.
Ник Кенон на новопечената мајка, Мараја Кери и купил зимска колиба во Аспен за која издвоил 1,5 милиони долари.
Сепак постојат и оние кои сакаат себе си да се почестат за време на празниците. Парис Хилтон пред неколку години си купи розов Бентли на кој се врежани нејзините иницијали – со дијаманти. Иако на Парис не и треба Божиќ како изговор за расфрлање со пари.