Прадедо на 69 години има највеќе тетоважи во Британија

popara4 јуни, 20111min00
dedotetovazi

Томи Велс од Манчестер, на своето тело има 1000 тетоважи и прогласен е за човек со најмногу шари по телото во Велика Британија. Овој човек последните 52 години ги посветил токму на ова хоби и денеска има тетоважи речиси на секој дел од својата кожа, на рацете, дланките, нозе, торзото, усните, главата, па дури и на гениталиите.

Последната тетоважа му е направена на тилот на главата, каде има напишано „секогаш ќе те сакам, твој Томи“,која е направена во чест на неговата покојна сопруга Сандра, со која биле 44 години во брак. Тие двајца почнале да се забавуваат уште на нивната тринаесета година, а кога на седумнаесет години отишлр во Блекпул на излет со пријателите, Сандра го наговорила да се тетовира. Томи тогаш ја нашравил првата тетоважа на рака, но од тој ден тетовирањето стана негова опсесија, а тој изјавил дека ужива во таа болка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma