Праски или кајсии?

13 јули, 20110
praski i kajsii

И двете! И едното и другото овошје е подеднакво вкусно и здраво. Искористете ја сезоната и уживајте.

Кајсиите се многу здрави. Железото и калиумот во сокот на свежа кајсија се благотворни за луѓето кои страдаат од слабокрвност. Исто така, свежиот сок го чисти организмот од штетни материи, а може да биде и лек за изгореници.

Благодарение на растителните влакна, кајсиите се одлични за дигестивниот тракт, а поради големото количество на целулоза и пектин, служат и како лаксатив. Најдобро е да се јадат наутро, пред појадок, но на децата можат да се даваат и како лесна летна ужина помеѓу два оброка.

Поради високото ниво на витамин Б17, кајсиите го зајакнуваат имунолошкиот систем, па дури се продаваат и како помошен лек во лекување на рак, но британската агенција за контрола на стандардите на прехранбените производи предупредува дека тие можат да бидат смртоносни, доколку се конзумираат во големи количини. Претставници од агенцијата истакнуваат дека семката од кајсија содржи цијанид и препорачуваат да не се јадат повеќе од две семки на ден. Искуствата покажуваат дека може да дојде до сериозни здравствени проблеми доколку во краток рок се конзумираат 20 до 30 семки од кајсии.

Праската како симбол на бесмртноста

Во Кина, праските се одгледувале уште пред 4000 години и се сметале за симбол на долг живот. Во Европа, праските ги донеле Римјаните.

Праската е идеално овошје за оние што се на диета, бидејќи во 100 грама има околу 40 калории. Во праската има најмногу вода, потоа јаглени хидрати и малку протеини и масти. Богати се со бета-каротен и витамин Ц.

Исто така, праските се добар извор на калиум, фосфор, магнезиум, калциум и селен. Тие делуваат благотворно на организмот, бидејќи се одличен диуретик, го прочистуваат организмот од токсините и го подобруваат варењето.

Доколку купувате зрели плодови, изберете ги помеките. Зрелите праски се расипуваат брзо, па затоа чувајте ги во фрижидер и изедете ги во рок од два дена.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit