Правилното дишење го продолжува животот

popara27 јули, 20111min00
joga

Плиткото дишење го лишува телото од кислород и го нарушува здравјето на клетките на целиот организам. Една американска студија покажува дека луѓето во просек користат само 20 проценти од белите дробови.

Причината е бидејќи дишат само со горниот дел на белите дробови, а целосно го игнорираат средишниот дел и стомакот. Така го попречуваат внесувањето на витамини и минерали и ја губат енергијата. Кислородот е неопходен за ослободување на телото од токсините и за нормално функционирање на сите органи. Експертите велат дека плиткото дишење може да предизвика промени во расположението или депресија, бидејќи до мозокот доаѓа само малку кислород.

Дишењето може да се вежба и после некое време, длабокото и бавно вдишување и издишување ќе ви премине во навика.

Правилно вдишување и издишување: Вдишете преку носот и почувствувајте како стомакот се полека се шири и полни со кислород. Полека издишете низ уста сè додека не останете без кислород.

Свиркање за подобро издишување: Доколку не можете бавно да издишувате, обидете се со бавно свиркање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *