Витамините се важни за либидото

27 јули, 20110
vitaminite se vazni za libidoto

Витамините влијаат на целото тело и на неговите функции. Сексот е дефинитивно една од нив.

Дали сте доволно запознаени со исхраната и нејзината врска со квалитетот на сексуалниот живот? Секогаш има место за надградба на знаењето, па решивме да ви го претставиме влијанитето на различните витамини врз сексот. За почеток, ви предлагаме да останете старомодни: конзумирајте ги витамините преку храна и пијалок, а не како дполнување на исхраната.

СЕКСОТ И ВИТАМИНОТ А
Витаминот А е најелементарниот витамин за нормална репродукција. Недостатокот кај глувците предизвикува губење на силата на организмот и слабеење кое се одразува на машките тестиси и женските јајници, а може да доведе и до спонтана стерилизација. Недостатокот на витаминот А предизвикува и на создавањето на сексуалните хормони, а хроничниот недостаток доведува до сушење и лупење на кожата. И обратно: доволна количина ви го олеснува патот до мека и мазна кожа. Каде може да се најде? Во рибата, јајцата, млечните производи (сирење, обичен јогурт), зелениот лиснат зеленчук и жолтото овошје.

СЕКСОТ И ВИТАМИНОТ Б-1
Неговата задача е помошта при создавањето на енергија и метаболизмот на јаглените хидрати, протеините и мастоте и кога го нема доволно може да дојде до општо намалување на енергијата во организмот. Тоа има негативно влијание на вашето либидо. Кога ви недостасува витаминот Б-1, ќе чувствувате умор и раздразливост, запек, забрзано чукање на срцето. Затоа треба да јадете лешници, грав, ананас, пченица, црвен ориз и житарици.

СЕКСОТ И ВИТАМИНОТ Б-3
Недостатокот на витаминот Б-3, познат и под името ниацин, може да предизвика лишаи на кожата, проблеми со цревата и поблаги облици на душевни пореметувања. Сексуалниот живот може да се рече дека зависи од доволната количина на витаминот Б-3, кој ја поттикнува циркулацијата на крвта до екстермитетите и ги стимулира мозочните процеси. Тој спечува појава на проблеми со варење кои можат да засметаат на сексуален план. За да го избегнете тоа дозволете си умерени количини на немасно пилешко месо, риба, свежи брокули и јогурт.

СЕКСОТ И ВИТАМИНОТ Ц
Влиаје на квалитетот на сексот со тоа што има клучна улога во апсорбцијата на железото во храната, учествува при формирањето на еритроцитите и неопходен е во метаболичкиот процес и е важен составен елемент во надбубрежните жлезди кои во најголема мерка го уравнотежуваат вашиот сексуален живот. Замајќи во обзир дека надбубрежната жлезда произведува огромна количина на сексуален хормон, важноста на витаминот Ц станува јасна. Познато е дека витаминот Ц го зајакнува целиот имунолошки систем, штити од стрес и ја чува еластичноста и виталноста. Затоа јагодите, портокалите, патлиџаните и останатото овошје и зеленчук со кислеа основа нека бидат основа на вашето мени.

Мора да напоменеме дека и витамините Д и Е посредно и непосредно влијаат на организмот. Секојдневното конзумирање на барем некои од наведените намирниц нека ви стане навика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi