Добрата и лошата страна на контрацепцијата

27 јули, 20110
condoms

Современата контрацепција го регулира циклусот, поставува хормонален баланс, а долгорочно го намалува ризикот од многу заболувања, појава на цисти и анемија, ја чува плодноста и така се грижи за репродуктивното здравје на жената.

Знаете ли  како се викаат двојките кои како контрацепција го користат методот на повлекување? Родители! Овој метод е многу ризичен и несигурен и не треба да се применува.

Заштита на репродуктивното здравје преку употреба на модерна контрацепција е најсигурен метод на планирање на семејство.  За да знаете кој е вашиот вистински избор, ќе ги наброиме добрите и лошите страни на средствата за контрацепција што се достапни кај нас.

Прекинат сексуален однос

Добра страна: Не ве стега кондомот, па чувството за време на пенетрација е подобро.

Лоша страна: Течноста која истекува од пенисот пред оргазмот содржи доволно сперматозоиди да ја оплоди жената. Значи, помага во подобруање на наталитетот.

 

Броење на плодни денови

Добра страна: Доколку правилно се применува е релативно сигурен.

Лоша страна: Кога-тогаш ќе згрешите во броењето.

 

Комбинирана таблета

Добра страна: Ефикасна, ја регулира хормонската рамнотежа и менструалниот циклус, проблемите со полицистични јајници и акните. Доколку сте здрава личност со здрави навики, можете да ја користите до десет години со уредна гинеколошка контрола. Делува превентивно на бенигни промени на дојките и карцином на јајници во внатрешноста на матката.

Лоша страна: Најчести несакани ефекти се промени во расположението, главоболка, чувствителност на градите, депресија, намалување на сексуалниот нагон, поспаност, вкочанетост, дигестивни проблеми, мускулни грчеви, алергиски реакции, габични инфекции… Кај жените пушачи ризикот од инфаркт е пет пати поголем, особено кај оние од 35 години и оние со прекумерна тежина. Таблетите можат да предизвикаат создавање на камен во жолчката. Не е препорачливо сончање, бидејќи настануваат темни дамки на кожата.

 

Дијафрагма

Добра страна: Најчесто нема ризик за здравјето.

Лоша страна: Можни се грешки при ставањето, а постои и можност да се измести за време на односот. Доколку остане во вагината повеќе од 48 часа, може да го зголеми ризикот од токсичен шок.

 

Хормонска спирала

Добра страна: Трае пет години. Ефикасна е, а по отстранувањето жената брзо останува бремена. Ја регулира продолжената и обилна менструација, го прави циклусот пократок, понеобилен и помалку болен, а можат да ја користат и жените пушачи.

Лоша страна: Можност за повреда при вметнување, може да излезе или да ја промени положбата, менструацијата може да стане обилна и поболна ако жената има полово-пренослива инфекција, се зголемува ризикот од развој на воспалителни процеси.

 

Кондом

Добра страна: Нема здравствени контраиндикации, ефтин е, достапен без рецепт. До извесен степен штити од пренесување на полово-преносливи инфекции, може да ја спречи прераната ејакулација, помага во случаи на имунолошка неплодност.

Лоша страна: Склони се кон пукање, ги губат својствата доколку со денови се чуваат на топло и блиску до телото, непходна е залиха за оние што се сексуално поактивни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit