Правна битка за профит од “Фејсбук”

slobodan11 јануари, 20111min00
facebook login

Компанијата “Фејсбук” која стои зад популарната социјална мрежа вчера пред Апелациониот суд во Сан Франциско побарала спогодба во однос на тужбата што против оваа компанија и нејзиниот основач Марк Цукенберг ја поднеле близнаците Камерон и Тајлер Винклвос, пренесуваат светските агенции. Близнаците заедно со уште еден колега од Универзитетот Хардвард, тврдат дека Цукенберг нивниот поранешен пријател и студентски колега, им ја украл идејата за создавање компанија за социјално вмрежување, како и дека им исплатил недоволна оштета од 65 милиони долари во 2008 година, па сега бараат повеќе од 168,5 милиони долари, пренесува Блиц. Адвокатот на Винклвос, Џери Фок за агенцијата Блумберг кажал дека тие сакале да ризикуваат и да ја поништат претходно остварената спогодба, за да можат против “Фејсбук” да поднесат нова тужба и уште повеќе да профитираат. “Во прашање се пари, но и морална драма”, изјавил адвокатот. Правната битка за профитирање од “Фејсбук” започна пред четири години, а опишана е во филмот “Социјална мрежа” од 2010 во кој се прикажани контроверзиите неговите почетоци.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma