Предности и недостатоци на црвеното месо

popara14 октомври, 20111min00
crveno meso

Доколку се конзумира на правилен начин и во препорачани количини, црвеното месо претставува одличен извор на протеини, железо, цинк и селен. Сепак, доколку се претера со конзумирање на црвено месо, тоа е штетно за срцето и за крвотокот. Според познавачите, препорачаната дневна доза на црвено месо е околу 70 грама.

Под црвено месо се подразбираат сите видови на месо кои пред термичката обработка имаат црвена боја, а по термичката обработка не добиваат бела боја. Под црвено месо подразбираме говедско, свинско и јагнешко месо, како и поголемиот дел од дивечот.

Црвеното месо е одичен извор на протеини, односно на 100 гр. содржи од 28 до 36 гр. протеини. Месото исто така содржи и есенциални аминокиселини (оние кои нашето тело не може самостојно да ги создаде).

Црвеното месо е исто така одличен извор на витаминот Б 12, па со 100 гр. месо ќе внесете повеќе од две третини од потребната дневна доза од овој витамин. Црвеното месо исто така содржи рубофлавин, нијацин, витамин Б 6 и пантотенска киселина, кои се потребни за нормално функционирање на организмот.

Сепак треба да се внимава со козумацијата на црвено месо, затоа што од вкупната количина на масти дури 50% се заситени масти кои се штетни за срцето и крвотокот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag