Предвидувањата на Нострадамус

popara26 мај, 20111min00
nostradamus_18thcentury

Септември 11

Земјотресен оган од центарот на Земјата

Ќе предизвика потреси околу новиот град

Две големи карпи  ќе војуваат долго време

Двете големи карпи, може да ги претставуваат двете кули?Ако сте го прочитале овој стих пред 11-ти септември, ќе сте претпоставиле дека станува збор за земјотрес или вулканска ерупција, но кој навистина знаел.

Назад кога Нострадамус ги пишувал овие линии, постоењето на облакодери, џамбо авиони и модерни градови како Њујорк, било незамисливо, па ако тој ги предвидел овие настани, дали негаш знаел што вистински гледа?

Втората светска војна и Хитлер

Од длабочините на западна Европа

Младо дете, родено од сиромашни родители

Оној кој со својот јазик ќе заведе многу војници

Неговата слава ќе се зголеми низ царството на исток

Овој стих можеби потсетува на Втората светска војна и Хитлер…или пак не.

Атомска бомба

Во близина на портите на два града

Таму ќе има зла кои никогаш не биле видени

Глад, беда, луѓе ставени надвор од челик

Кои плачат кон големиот бесмртен бог за олеснување

Ова можеби е најточниот опис за атмоските бомби во Хирошима и Нагасаки. Зла кои никогаш предходно не биле видени, а народот плаче кон големиот бесмртен Бог. Многу критичари и не се согласуваат и велат дека овој стих е нејасен, само поради тоа дека со него може да се опише било кои злосторства за време на многуте војни кои се случувале од 16-от век, па наваму, до ден денешен…или дури и во идинина.

Луј Пастер

Изгубеното нешто е откриено, скриено за многу векови

Пастер ќе се слави речиси си како Бог

Ова е кога месечината ќе го заврши својот голем циклус

Но, од страна на други гласини тој ќе биде обесчестен

Как и многу други презимиња, Луј Пастер веројатно порано индицирал на професија, бидејќи Пастер на француски значи и пастир. Затоа некои тврдат дека прозата на Нострадамус може да се однесува за било кој свештеник. Некои пак сепак се свртуваат кон човекот кој го донесе млекото отпорно на расипување и ја пронајде вакцината против беснило.

Атентатот на ЏФК

Голем човек ќе биде удрен во текот на денот од гром

Едно зло дело ќе погоди носител на петиција

Според предвидувањатам друг ќе падне за време на ноќ

Конфликти во Ремс, Лондон и помор или чума во Тоскана

Грмотевици и истрели: не претерано различни, а големиот човек кој ќе биде погоден во тек на ден, како што беше Џон Ф. Кенеди, а другиот ќе падне за време на ноќ, би бил Боби Кенеди, пет години подоцна.

Сепак, дали мислите дека доколку агентите на тајната служба го прочитале овој дел во ноември 1963, би имале причина да бидат загрижени? Веројатно не. И што со Ремс, Лондон и Тоскана?

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag