Предвидувањето на Нострадамус ќе се оствари? Њујорк се спрема за удар! Евакуација скоро низ цел град !!

popara27 август, 20111min00
US-WEATHER-HURRICANE

Во која зона живееш? – Единственото прашање што можете да го слушнете во Њујорк додека градот се подготвува за бура на векот, а тоа ќе се случи во ноќта помеѓу сабота и недела на источниот брег на САД.

Градоначалникот Блумберг наредил за прв пат во историјата превентивна евакуација на крајбрежните делови на градот. Над 250 илјади луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Откажани се околу 300 јавни настани кои требало да се одржат овој викенд во Њујорк.

Повеќето луѓе биле приморани да ги сменат своите планови за викенд, а секој кој би можел да го напушти градот, тоа и го правел. Оние кои остануваат се снабдувале со вода, батерии и конзервирана храна. Се ‘уште не може да се зборува за паника во градот, но нервозата се зголемувала драматично од час на час.

Луѓето излегувале порано од работа за да се подготват за најлошото.

– Не знам што да правам. Дваесет години живеам во Њујорк и досега ништо приближно не сум доживеала, изјавил граѓанин на Њујорк додека се подготвувал да си оди дома во Квинс.

Мајкл, со потекло од централниот дел на САД, навикнат на урагани и торнада, цело време седел безгрижно и се смеел:

– Ако би можело ова да потрае до понеделник за да не мора да одиме на работа.

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, одлучил да прогласи задолжителна евакуација на Менхетн, Квинс, Бруклин и Стејтн Ајленд, поради страв од ураганот Ирина. Ова е историска одлука, бидејќи Њујорк досега никогаш не бил евакуиран.

Градоначалникот исто така, наредил исклучување на јавниот транспорт, вклучувајќи го метрото.

Се верува дека Ирина во неделата би можела да дојде до Њујорк и да предизвика пораст на морското ниво од 3 до 4 метри, но сега за сега се уште не е јасно дали Ирина ќе се движи кон копното на САД или ќе остане на отворено море.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma