Премногу вода може да биде штетна по здравјето

17 јули, 20110
premnogu voda moze da bide stetna za zdravjeto

Стручните лица одсекогаш не советуваат да пиеме што е можно повеќе вода, бидејќи така се спречуваат оштетувања на бубрезите, може да се изгуби и некој килограм и се зголемува концентрацијата. Но, сега не предупредуваат дека пиење осум чаши вода дневно може да му наштети на нашето здравје.

Научниците од Шкотска истиакнуваат дека досегашните верувања дека големи количества вода се добри за здравјето се бесмислени. Иако лекарите не советуваат да пиеме 6 до 8 чаши вода, според новото истржување опсноста од дехидрација е мит и нема цврсти докази дека водата спречува здравствени проблеми.

Шкотските научници сметаат дека препораката за зголемување на конзумацијата на вода е заснована на интересите на фирмите кои продаваат пакувана вода.

-Ако пиете вода кога не сте жедни, тоа нема да ви ја подобри концентрацијата, туку може и да ја наруши. Исто така хемикалиите кои се користат за дезинфекција на пакуваната вода можат да бидат штетни по здравјето – објаснува Маргарет Мекартни, учесничка во истражувањето.

Во својот текст за Британскиот медицински магазин, таа тврди дека пекумерна количина на вода може да довде до несоница. Тоа е логично, бидејќи луѓето кои пијат повеќе вода, ноќе почесто одат во тоалет. Исто така, премногу вода не ги штити бубрезите, туку може и да ги оштети. Освен тоа, истакнува Мекартни, внесувањето повеќе вода го намалува нивото на соли во организмот поради што може да дојде до отекување на мозокот.

И американскиот професор Стенли Голдфарб ги поддржа своите колеги од Шкотска, изјавувајќи дека е целосна заблуда дека поголемо колочество вода придонесува за губење на вишкот килограми. Тој објасни дека не постојат докази дека чаша вода пред јадење го намалува апетитот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi