Преслатко суматриско тигарче кое ужива во играта со својата мајка!

24 ноември, 20110
t

Суматриската тигрица Кирана на свет донела три младенчиња на огромна радост за сите вработени во зоолошката градина во Честер, Велика Британија.

Суматриските тигри се исклулително ретки и постојат само на Индонезиските острови, а тоа е дополнително задоволство што во оваа зоолошка градина добиле принова токму од овој вид.

Прекрасните фотографии покажуваат размена на нежности меѓу мајката и едно од младите, додека другите две веројатно спиеле.

Тигрицата Кирана веројатно одлучила дека едното тигарче е спремно за јавноста, тие си играле, а посетителите биле воодушевени.

Кирана и тигарот Фабио се едни од ретките претставници на групата суматриски тигри кои во светот ги има само уште околу 400.

Кирана и Фабио се дел од европската програма за заштита на загрозените животни која постојано се обидува да ги спаси животните кои се на прагот на истребување.

Суматриските тигри во природа постојат само на Индонезиските острови и се најмалите тигри во светот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi