“Престанав да користам кокаин, бидејќи тоа премногу ја вознемируваше мојата мајка”

16 јуни, 20110
3818193209_3c1d7255af

Пејачот Џејмс Алан, во едно интервју изјавил дека престанал да користи кокаин , откога во една прилика се предозирал: “Мајка ми сакаше да ме убие. Морав да разговарам со неа за начинот на мојот живот. Дури по разговорот можев да продолжам понатаму.Престанав да користам кокаин, бидејќи тоа премногу ја вознемируваше. Rock and roll и продавање на плочи не е вредно за да мојата мајка се вознемирува. Таа доаѓа пред се, вклучувајќи и rock and roll. Така што сега не користам кокаин, самата помисла дека дека нешто поминува во мојот нос, кај мене предизвикува  мачнина”,изјавил Џејмс.

Пејачот раскажал и како се вселил во хотел со пет ѕвезди во Глазгов, наместо да се всели во стан или куќа.” Кога се вратив во Глазгов живеев во хотел. Тоа е бизарна егзистенција, но добра работа е тоа што јас не си дозволувам да се залажувам и да пробам да живеам на некој нормален начин на живот. Драго ми е дека работите се вака нецивилизирани. Да бидеш цивилизиран и да работиш нешто мирно не е нешто што треба да се поздрави. Тоа би ме попречувало во мојата музика”, вели Џејмс. Групата Glasvegas има рекорден број на музички плочи ,многубројни музички награди,а нивната песна  “Geraldine” е прогласена за најдобра интернационална песна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber