Британката Кејт Фикпатрик неодамна доживеала сообраќајна несреќа кога преминувала улица. Возачот на автомобилот кој ја прегазил избегал веднаш од местото на несреќата, а Кејт го преживеала падот и несреќата само поради слушалките кои и биле ставени на главата.
Девојката се здобила само со помали повреди на рамената и главата.
Самата несреќа се случила, бидејќи несовесниот возач не застанал на семафорот. Подоцна во болница докторите на Кејт и соопштиле дека несреќата ја преживеала благодарение на слушалките.
„Се сеќавам само дека летнав неколку метри. Да не ги носев слушалките веројатно немаше да преживеам“, изјавила девојката.
Локалната полиција е во потрага по несовесниот возач.