Причини зошто жените не се задоволни од својот сексуален живот

23 октомври, 20110
signs-relationship-will-not-last

Многу мал дел од жените се целосно задоволни од својот сексуален живот. Причините за незадоволството се повеќекратни: времетрање на односот, квантитетот на секс, квалитетот и бројот на оргазми…

Само осум проценти од жените се задоволни од својот сексуален живот. Според резултатите на едно британско истражување само околу 10% сметаат дека во сексот се на чекор до совршеното задоволство. Сите останати имаат замерки околу сексот и доза на незадоволство.

Од вкупниот број на анкетирани, три четвртини изјавиле дека би сакале да имаат сексуални односи почесто, но статистиката покажува дека просечен пар води љубов еднаш неделно. Околу 1% од паровите се сексаат секој ден, а третина од жените признале дека понекогаш го користат сексот како средтсво за преговарање и уцена. Сепак, поголемиот број на жени не го гледаат сексот како обврска. Дури 61% од припадничките на понежниот пол тврдат дека единствениот мотив за секс им е уживањето.

 

Три од пет парови сметаат дека сексуалниот живот им се влошил откако станале родители, а дури 21% сметаат дека со новите улоги сексот им се подобрил. Една од десет жени смета дека поубавата спална соба би можела да го зачини сексот и да внесе страст во врската. Третина од нив веруваат дека почесто би воделе љубов ако целосно го променат својот изглед и стил, а 8%  од испитаните жени би сакале партнерот повеќе да ја употребува фантазијата во кревет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi