Кога некој би ми го позајмил својот болид, со задоволство ќе го провозам по патеката, изјавил Принцот Хари пред стартот на Големата награда на Велика Британија во Силверстон.
Принцот пред трката во друштво на Дејмон Хил и Џеки Стјуард ги посетил болидите на стартната рамнина, и му изјавил на репортерот на BBC, поранешниот Ф1 пилот Мартин Брандли дека со задоволство би возел Ф1 болид.
На крајот како почесен гостин Принцот Хари му го предал победничкиот пехар на Фернандо Алонсо.
http://www.youtube.com/watch?v=hslRiqe00kQ&feature=player_embedded