Принцови на столетието, “Porsche” 2-дел

popara14 јули, 20112min00
naslovna

Дизајнерската група даде секвенцијални броеви за секој проект (356, 550, итн), но назначената 901 номенклатура се спротистави на марките на Peugeot, на сите X0X имиња, па беше прилагодено на 911. Тркачките модели се приспоија на “точните” бројни секвенци: 904, 906, 908. 911 стана најпознатата икона на Porsche – успешна на тркачките патеки, во рели и како патнички автомобил. Далеку од било кој друг модел, Porsche се дефинира според моделот 911. Останува во производство и како и да е по неколку генерации ревизија, сегашниот модел 911 го дели основниот механички концепт со мотор во задниот дел од возилото, односно купе со 6 цилиндри и основните стилски линии со оригиналното возило. Модел со намалена цена и истото тело, со мотор од 4 цилиндри, беше продаван како 912.


Во 1972, легалната форма на компанијата беше сменета од Kommanditgesellschaft (KG), односно Командитно Друштво во Aktiengesellschaft (AG) или Акционерско Друштво, заради тоа што Фери Порше и неговата сестра, Луис Пјех почувствуваа дека членовите од новната генерација не се вклопувале добро. Ова доведе до основање на Извршен Одбор, чии членови беа надворешни и Супервизорски Одбор чии членови беа претежно фамилијарни.

Со оваа промена, ниту еден фамилијарен член не беше со оперативна улога во компанијата. Ф. А. Порше основаше своја дизајнерска компанија, Porsche Design, која е позната по ексклузивни наочари за сонце, саати, мебел и многу други луксузни артикли. Фердинанд Пјех, кој беше одговорен за механичкиот развој на серијалите и тркачките автомобили на Porsche, формираше свое инженерско биро и разви дизел мотор со 5 цилиндри за Mercedes-Benz.

Малку подоцна тој се префрли во Audi и ја развиваше својата кариера низ целата компанија нагоре и вклучувајќи ги и одборите на Volkswagen групацијата.
Главниот извршен директор на Porsche AG, беше др. Ернст Фурман, кој работеше во одделот на компанијата за развивање на мотори. Фурман беше одговорен за таканаречениот Fuhrmann – мотор користен во 356 Carrera моделите, како и кај 550 Spyder, со 4 брегасти осовини, наместо централна осовина, како кај серските мотори на Volkswagen. Тој планираше да го прекине моделот 911 за време на 1970-тите и да го замени со караванот 928, со V8 преден мотор. Како што е и очигледно, моделот 911 го надживеа 928 и тоа далеку. Фурман беше сменет во раните 1980-ти и Петер В. Шулц настапи на сцена и самиот ги изјави своите страсти за моделот 911. Тој потоа беше заменет во 1988 година со бившиот менаџер на германската компјутерска компанија Nixdorf Computer AG, Арно Бон, кој направи неколку грешки во трошковните калкулации што набрзо доведе до негово отпуштање, заедно со него и директорот за развој др. Улрих Без, кој беше одговорен за моделот BMW Z1 и денеска е главен изврпен директор во Aston Martin.


Во 1990 година, Porsche направи меморандум за разбирање со Toyota, со цел да научи и придобие од јапанските производни методи. Во 2004 беше изјавено дека Toyota го потпомогнува Porsche со хибридна технологија. По отпуштањето на Бон, беше назначен внатрешен главен извршен директор, долго време вработен во Porsche, Хајнц Браницки, кој служеше на позицијата додека др. Венделин Видекинг не го замени, кој стана главен извршен директор во 1993 година. Видекинг го завзема претседателството на одборот во време кога Porsche беше ранлив во однос на превземање од друга поголема компанија. За време на неговиот долг мандат, тој го трансформираше Porsche во многу ефикасна и профитабилна компанија.
Внукот на Фердинанд Порше, Фердинанд Пјех, беше претседател и главен извршен директор на Volkswagen групацијата од 1993 до 2002 година. Денес, тој е претседател на супервизорскиот одбор. Со 12.8 проценти од акциите на Porsche, тој исто така останува вториот индивидуалец со најголеми акции во Porsche AG, веднаш по неговиот братучед, Ф. А. Порше, (13.6 проценти).


Претставувањето на Porsche Cayenne во 2002-та исто така ја откри и новата фабрика за производство во Лајпциг, Саксонија, која еднаш беше виновна за скоро половина од годишните придобивки на Porsche. Во 2004-та, производството на Carrera GT со 456 киловати односно 620 PS, односно 612 коњски сили во Лајпциг, со цена од 450,000 евра (440,000 долари во САД) беше најскапиот модел кој Porsche го има изградено до сега.

Од 2005-та година, проширените Porsche и Piëch, фамилиите ги контролираа сите акции на Porsche AG. Во раниот октомври во 2005-та, компанијата објави придобивка од влог од 18.53% во Volkswagen AG и откри намери за придобивка на дополнителни VW AG акции во иднина. Во јуни 2006 година, акциите на Porsche AG во VW AG пораснаа до 25.1%, овозможувајќи му на Porsche блокирачко мнозинство, со што Porsche може да става вето на корпоративните одлуки дадени од страна на VW AG.
Во средината на 2006 година, години по Boxster (и подоцна Cayenne), како доминантни Porsche автомобили во Северна Америка, моделот 911 ја поврати својата позиција како столбот на Porsche во регионот. Од тогаш Cayenne и 911 циркулираа како најпродавани модели. Во Германија, моделот 911, јасно ги ндаминува моделите Boxster/Cayman и Cayenne.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag