Истражувачите открија дека чилито може да се користи како стабилизатор на апетитот, но и како помагач да ја загубите тежината. Освен него има и некои други вкусови кои може да помогнат да се стабилизира апетитот.
Јаболко. Ова овошје содржи многу влакна кои даваат чувство на ситост. За време на варњењто, јаболката испушта хормони кои праќаат сигнали до мозокот дека сте сити. Американските научници откриле дека луѓето кои јадат јаболко пред да го земат оброкот, јадат многу помалку во однос на оние кои не го прават тоа.
Алги. Започнете го денот со шеик од алги. Доколку го практикувате ова шансите да ја задржите вашата линија се огромни. Алгите исто така содржат голема количина на влакна кои во комбинација со водата ја намалуваат гладта за 30%. Кога овој шеик ќе стигне до желудникот останува како гел, кој го забавува варењето на храната.
Лимон. Тој содржи пектин, природно растворливи влакна кои го стимулираат телото да согорува многу повеќе калории.
Зелен чај. Овој напиток исто така овозможува поголемо согорување на калориите. Го контролира апетитот, па со само три шољи зелен чај на ден разликата ќе биде очигледна.
Лук. Со често јадење на овој зеленчук не само што ќе го подобрите вашето здравје, туку и ќе си помогнете во губењето на телесната тежина. Силниот мирис на лукот ги стимулира центрите на мозокот давајќи чувство на ситост.
Цимет. Тој го забавува варењето на храната па така чувството на ситост се задржува подолго.