Силен земјотрес во Индонезија

6 мај, 20110
Earthquake+(4)
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погодила индонезискиот остров Сулавес, но се’уште нема издадено предупредување за цунами, додека податоци за евентуални жртви и материјални штети за сега нема.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, на околу 75 километри југоисточно од градот Горонтало.
Официјален претставник на тамошната агенција “Индра“ изјавил дека епицентарот на земјотресот бил во морето, но нема изгледа за појава на цунами.
Според податоците на Американската геолошка служба, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 85 километри, а неговата јачина 5,8 степени според Рихтер.
Индонезија се простира на огнениот појас на Пацификот,каде се спојуваат тектонските плочи, заради што во тоа подрачје зголемени се сеизмичките активности и честа е појавата на земјотреси.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi