Со природни препарати може барем малку да се намалат чешањето и пликовите предизвикани од убод од комарец.
Најголемиот број производи кои помагаат да се смират реакциите на телото предизвикани од убод од комарец ги имате во својата кујна или купатило.
ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ– Оцетот е производ кој секој го има во својата кујна. Освен за слабеење и зачинување на салата, го намалува чешањето од убод од комарец. Овој мал трик може да се користи кај деца и кај возрасни.
ПАСТА ЗА ЗАБИ- одличен начин да ја смирите кожата. Најдобри се пастите со многу пеперминт, но било која може да помогне. Само ненесете малку на каснатото место и чешањето ќе исчезне за неколку секунди.
МРАЗ- Студенилото намалува чешањето, посебно ефикасен е кај убод од комарец. Ако немате мраз, ставете го каснатиот дел под малз од студена вода. Единствен проблем е што штом се загрее, чешањето се враќа.
АЛОЕ ВЕРА– Помага кај многу воспалувања на кожата, па и кај убод од комарец. Доволно е да ставите малку на отеченото место за проблемот да исчезне.
ЛИМОН- Лимонот е навистина совршено овошје за лето, почнувајки од лимонада, третмани за коса, решавање проблеми со лоши миризби во домот, ефикасен е и кај каснување од комарец. Само неколку капки на проблематичното место и чешањето престанува.
СОДА БИКЕРБОНА- Направете паста од сода бикербона и вода, ставете ја на каснатото место и оставете ја да отстои 15 минути.
ЛУК– Лукот е еден од најдобрите третмани против комарци. Каснатото место истријте го со лук и за неколку минути чешањето ќе исчезне.