Топлотен бран го зафати централното подрачје на САД, каде сега се мерат 50 степени, и како последица на тоа има веќе 13 починати.
Националната метеоролошка служба соопштила дека со топлотниот бран се зафатени 24 сојузни држави, а се очекува топлотниот бран да се прошири во наредниве денови.
Во понеделникот во Ајова биле измерени 55 степени, во Минесота 51, а во Небраска и Јужна Дакота биле измерени 50 степени.