Приватниот детектив Џонатан Рис кој веќе е оптужен за хакирање на банкарски сметки на повеќе политичари и славни личности, ја пробил и сметката и мобилниот телефон на Кејт Мидлтон. Тоа се случило во 2004 година, кога тоа го сторил и на Ерик Клептон, Мик Џегер, Џорџ Мајкл, Сиена Милер и многу други.
Тој моментно е под истрага на лондонската полиција, по тужбата од News International, која го тужи за злоупотреба на податоци кои ги објавил додека работел за нив. Сеуште не е познато дали тој ќе одговара и за штетата која им ја направил на познатите.