Луксузната куќа во која живееше Елизабет Тејлор, а се наоѓа на Бел Ер во Лос Анџелес е продадена. Куќата и дворот зафаќаат 7000 квадратни метри и располага со четири спални соби, базен, и големи салони. Оваа куќа Елизабет си ја купила во 1981 година од Ненси Синатра, ќерката на Френк Синатра.
Сега куќата е продадена за 8,6 милиони долари. Ентериерот на куќата беше сликан во март оваа година, пред да почине оскаровката Елизабет.