Еден од најдобрите филмови на модерното време “Dirty Dancing” ќе добие продолжение. По скоро 25 години, култниот филм повторно ќе добие актуелност.
Нема некој од нас кој го нема гледано овој филм, и нема некој кој не се восхитвал на приказната за младата и наивна студентка која се вљубува и прави се за љубовта.
Нажалост, главниот лик, Патрик Свејзи нема да го видиме во новото продолжение. Тој почина во 2009 година од рак на панкреасот.
Но, за среќа зад кормилото сеуште стои режисерот Ортег.
Кастингот за актерите во новот филм сеуште не е закажан.
“Dirty Dancing” има добиено оскари за најдобра музика и најдобра оригинална песна Time of my life, која е продадена во тираж поголем од 10 милиони.
http://www.youtube.com/watch?v=bfbOAurY7Tc&feature=player_embedded