Прогонителот на Мадона заврши на психијатар

popara28 октомври, 20111min00
MadonnasongPics1oVdZTcEC6dRxM

Полјакот Грегорж Матлок, кој изјави за судот дека тој верува дека е во интимна врска со поп-дивата Мадона и дека добивал “специјални пораки” од неа, веќе е депортиран во Полска за лекување во болница за ментални пациенти, откако беше фатен во куќата на Мадона во село во провинцијата Вилшир како краде храна и облека.

Сепак, минатата година Матлок се вратил во Англија, а потоа влегол во куќата на Мадона во Лондон.

Тој изјавил за полицијата дека “Мадона му дозволила да остане во нејзината куќа.”

Сепак, Мадона испрати изјава која беше прочитана пред судот и гласи: “Не го познавам обвинетиот и јас не му дадов дозвола за престој во мојата куќа. И покрај зголемената мерка на безбедност, сега се сомневам во безбедноста на моите деца малолетници, лица вработени на мојата фарма “.

Судијата во овој случај одлучи дека Матлок претставува сериозна закани за безбедноста на пејачката и го осуди да остане во институција за ментално болни пациенти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma