Проклетството на 27-цата: Музичари кои починаа на 27 години – трет дел

popara1 август, 20111min00
jimkobejnnaslovna

Клубот 27 или проклетството на 27 е наслов за групата на влијателни музичари кои починале на 27 годишна возраст. Причината за смртта за сите нив е “рокенрол“ начинот на живот. Злоупотребата на дроги, алкохол, апчиња за спиење, главно се причините што овие музичари прерано загинаа, а сепак останаа многу влијателни во индустријата.

Клубот 27 се состои од два поврзани феномени: едниот е листата на седумте познати музичари кои починаа на 27 години, блуз пејачот Роберт Џонсон, Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобејн и неодамна починатата Ејми Вајхаус. А вториот е листа на други познати личности кои исто така починале на возраст од 27.

5. Џим Морисон, со целосното име Џејмс Даглас “Џим“ Морисон, (роден на 8 декември 1943 година, а починал на 3 јули 1971 година), американски фронтмен пејач и текстописец на рок бендот Дорс, а воедно бил и поет. Тој е широко признаен како најхаризматичната икона во рок музичката историја. Тој беше рангиран на 47-то место на Ролигстоунс списанието на листата на 100 најдобрипејачи на сите времиња, а на 22 место на листата 50-те најдобри рок пејачи. За самата група кружи мислењето дека е една од највлијателните групи во поширока смисла, не само од музички аспект. Морисон е автор на неколку книги со поезија, документарни и кратки филмови и на музичките спотови за песните „The Unknown Soldier“ и „People are Strange“.

Во Март, 1971, се преселил во Париз со намера да прави пауза од концертите и да се сконцентрира на пишувањето. Сакајќи и надевајќи се дека ќе се врати на својот прав пат, ослабел и ја избричил брадата. За брзо време починал, на 3 Јули 1971, во својата када, на 27 години. Многумина тврдат дека тоа било поради предозираност со дрога, но според некои извештаи причината било откажувањето на неговото срце. Не се извршила аутопсија затоа што медицинскиот вештак, по правилата на францускиот закон не пронашол траги од борба или некакво насилство. Со тоа оставил простор за премногу шпекулации и гласнини. Неговиот гроб е едно од најголемите туристички места во Париз.

http://www.youtube.com/watch?v=DKbPUzhWeeI

http://www.youtube.com/watch?v=flOvM4Z355A

6. Курт Кобејн, или Курт Доналд Кобејн (роден 20 февруари 1967 во Абердин, Вашингтон – починал 5 април 1994 година во Сиетл), американски музичар, најпознат како водечки вокал, основач, гитарист и текстописец на гранџ бендот Нирвана.

За време на последните неколку години од неговиот живот, Кобејн водел борба со зависноста од дрога, како и со низа професионални и приватни притисоци кои го опкружувале него и неговата сопруга, музичарката Кортни Лав.

Долги години по неговата смрт, Кобејн сѐ уште се памети како една од најголемите рок икони во историјата на алтернативната музика. Во 2005 година на влезот во Абердин, Вашингтон поставен е знак “Welcome to Aberdeen – Come As You Are” како почит за Кобејн. Знакот е изработен и финансиран од страна на комитетот Комеморативен Комитет Курт Кобејн, непрофитна организација создадена во чест на Кобејн во мај 2004 година. Комитетот исто така има во план да изгради и спомен-парк Курт Кобејн, како и младински центар во Абердин.

На 8 април 1994 година, телото на Кобејн е пронајдено во неговиот имот на езерото Вашингон, од страна на еден електричар кој дошол да вгради сигурносен систем. Електричарот изјавил дека не забележал никакви знаци на повреди, освен малото количество на крв кое излегувало од увото на Кобејн, и најпрво мислел дека Кобејн спиел, сè додека не ја забележал пушката потпрена на неговата брада. Пронајдено било проштално писмо во кое се вели: „Веќе долги години не сум почувствувал возбуденост слушајќи и создавајќи музика заедно со пишувањето.“ Во неговото тело исто така биле пронајдени големо количество на хероин и траги од валиум. Телото на Кобејн лежело таму со денови, а во извештајот на судскиот вештак се претпоставува дека починал на 5 април, 1994 година.

На 10 април во парк во Сиетл било одржано јавно бдеење за Кобејн, кое привлекло околу седум илјади ужалени лица. На комеморацијата биле пуштани претходно снимени пораки од Крист Новоселич и Кортни Лав. Лав на масата од луѓе ѝ читала делови од прошталното писмо на Кобејн со прекини со плачење. Кон крајот на бдеењето Лав пристигнала во паркот носејќи дел од облеката на Кобејн, која ја раздала на масата која била присутна.

Телото на Курт Кобејн не е закопано, тоа е кремирано, а пепелта е расфрлена во реката Вишка во Вашингтон.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag