Светлана Ражнатовиќ – Цеца

1 август, 20110
Milica-svetlana-raznatovic-ceca-jpg

Светлана Ражнатовиќ позната како Цеца е родена на 14 јуни 1973 година во Житораѓа, Србија, таа е позната српска фолк пејачка. Цеца почнала да пее на свои 9 години, а веќе на 15 настапува на музичкиот фестивал Илиџа во Сараево со песната Цветак зановетак која била доста добро примена од публиката.
Првите два албуми на Цеца, Цветак зановетак од 1988 година и Лудо срце од 1989 година биле направени со примеси на модерен стил кој бил наметнат на српската фолк сцена. Нејзиниот трет албум Мики бил голем хит во поранешна Југославија, со продадени околу 350.000 примероци. Цеца подоцна станала ексклузивец на издавачка куќа во Белград ТВ PGP RTB и била прогласена за трет најпродаван женски фолк вокал во Југославија, по Лепа Брена и Драгана Мирковиќ.
Во 1995 година Цеца се мажи со Жељко Ражњатовиќ Аркан, кој бил познат како водач на криминалната група Арканови тигри и многу влијателна личност во 90-тите години во Србија.

Цеца моментално е актуелна со тоа што отслужува казна во домашен притвор, поради направени финансиски малверзации додека го водела фудбалскиот клуб Обилиќ.

Албуми:

1988  Cvetak zanovetak
1989  Ludo srce
1990  Pustite me da ga vidim
1991  Babaroga
1993  Šta je to u tvojim venama
1994  Ja još spavam u tvojoj majici
1995  Fatalna ljubav
1996  Emotivna luda
1997  Maskarada
2000  Ceca 2000
2001  Decenija
2004  Gore od ljubavi
2006  Idealno loša
2011  Ljubav živi

http://www.youtube.com/watch?v=w9JVRMYLIZQ

http://www.youtube.com/watch?v=UcmjQ-B726g

http://www.youtube.com/watch?v=_z2tfoHqBEw&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=C-WwU4ZLtQw

http://www.youtube.com/watch?v=1kAVnqNmeLA&feature=related

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit