Писмото кое братот и сестрата Хауард од Ирско го упатила во далечната 1911 година кон Дедо Мраз, го покажува божиќниот дух пред 100 години.
Џон Бирн кој вршел поправки во куќата во Даблин, го пронашол ова писмо на полиците над каминот, иако самото писмо е малку оштетено и изгорено, сепак јасно се гледа што сакале децата Хауард за Божиќ.
„Сакам кукла, мантил со капуљача и ракавици и карамелизирана јаболка и златна паричка и уште една карамела“, пишувало во писмото.
Пред пораката, децата му нацртале и цртеж на Дедо Мраз и му посакале среќа. Писмото намерно било оставено покрај каминот, за да Дедо Мраз полесно го забележи кога ќе се протне низ оџакот.