Прва дебата на потенцијалните ривали на Обама

popara15 јуни, 20111min00
debate
Одржана прва дебата на седум републикански кандидати кои формално ги потврдиле своите амбиции во ноември идната година да не му овозможат втор мандат на актуелниот претседател Барак Обама, со што дале официјален почеток на претседателскиот маратон, еден од најкомплицираните изборни процедури во демократскиот систем на денешниот свет, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
На сцена во големата сала на конгресен центар во Њу Хемпшир, држава во која во февруари наредната година ќе се одржуваат внатрепартиски избори, се нашле Мит Ромни (64), поранешен гувернер на Масачусетс, Њут Гингрич (68), поранешен претседател на Претставничкиот дом на Конгресот, Рик Санторум (53), сенатор од Пенсилванија, Рон Пол (76), конгресмен од Тексас, Тим Повленти (51) некогашен гувернер на Минесота, Херман Кен (66), бизнисмен, милионер кој бил сопственик на познатиот синџир продавници за пица и единствената жена во ова друштво Мишел Бекман, конгресменка од Минесота.
Дебатата траела два часа, посредник бил водител на Си-ен-ен Џон Кинг, а била “интерактивна“ бидејќи прашања поставувале и одбрани и обични луѓе.
Републиканците му замериле на Обама што во либиската интервенција Америка не е предводник, иако било истакнато дека и самото учество во тој потфат не е нејзин национален интерес.
Што се однесува на повлекувањето од Авганистан некои кандидати би го послушале “советот на генералот“, додека Ромни бил одлучен во ставот дека американските војници треба да се повлечат што е можно побрзо и дека нивната работа не е “да се борат за независност на друга нација“.
Што се однесува до економијата, била повторена републиканската догма против зголемување на данокот и укинување на регулативите во скоро сите области.
Обама за сега има значителна предност над сите потенцијални републикански ривали, но во последните недели значително почна да се намалува, пред се заради отсуство на добри вести од економскиот фронт.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma