Првиот број од Супермен стрипот продаден за повеќе од 2 милиони долари!

1 декември, 20110
16121539

Ретка копија од првото издание на Супермен стрипот постигна рекорд на аукцијата во средата, кога беше продаден за рекордни 2,16 милиони долари. Аукцијата започнала  на 11 ноември, а почетната цена на стрипот била само еден долар.

Имињата на продавачот и на купувачот не биле објавени. Ова е прв пат некој стрип да се продаде за повеќе од  2 милиони долари. Изданието е објавено во 1938 година и чинело 10 центи.

„Кога го соборивме рекордот во 2010 година и продадовме стрип за 1,5 милиони долари бевме воодушевени. Овие неверојатни 2,16 милиони долари е рокорд кој долго време нема да биде соборен“, изјавил директорот  на компанијата која ја организирала аукцијата.

Се верува дека постојат само 100 примероци од првото издание на стрипот, но дека само малкумина се во добра и сочувана состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi