Првиот воз во Европа кој користи соларна енергија

7 јуни, 20110
solarni-voz-498

Првиот патнички “зелен воз“ во Европа вчера тргна на патот од Антверпен до границата со Холандија, користејќи само соларна енергија.

Меѓународниот воз кој ги поврзува Париз и Амстердам е првиот воз во Европа кој користи електрична енергија добиена од соларните панели инсталирани на тунелот на таа пруга, пренесува агенцијата AFP..

Официјалните лица кои работата на овој проект изјавиле дека тој тунел во Антверпен, на северот од Белгија, долг 3,6 километри и вреден 15,6 милиони евра, ќе биде покриен со 16 илјади соларни панели на површина од 50 илјади квадратни метри, пототчно колку осум фудбалски игралишта.

Можноста за примена на оваа технологија се разгледува и во САД на брзата пруга Tuson-Feniks во  Arizonа. Во Италија ЕУ го финансира поставувањето на соларните панели на крововите на возовите кои обезбедуваат електрична енергија за климатизација на вагоните, додека Франција исто така ја разгледува можноста за воведување на оваа технологија поради користење на струја за осветлување и климатизација на возовите во регионот Poato-Šarent.

http://www.youtube.com/watch?v=Sc7ahEzVt1U&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi