Првите детали за социјалната мрежа на Microsoft

popara17 ноември, 20111min00
14973703054ec38ceb90bdf560355863_640x451

Се појавија информации дека мрежата се тестира во мал круг на луѓе, а можноста да ја разгледа ја имал еден новинар од сајтот The Verge.

На сликата која ја објавија се гледа дека се отстапило од претходното име, Tulalip, и оваа социјална мрежа ќе се вика Socl. Таа го содржи веќе познатиот интерфејс – feed во централниот дел и навигација од левата страна. Оваа мрежа нуди можности за гледање на Youtube видеа заедно со пријателите, социјално пребарување и други опции кои може да ги поврзете со некои од веќе постоечките мрежи.

Verge пишува дека постојат најави дека Microsoft ќе го пушти Socl на јавно тестирање, а до тогаш останува само еден од истражувачките проекти кои можеби и никогаш нема да ја видат светлоста на денот.

Инаку, Microsoft веќе има удел во една социјална мрежа, и тоа во најпопуларната – Facebook. Компанијата од Редмонд има сопствеништво на 1,6 проценти од акциите на Facebook.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag