Работнички поведе со 2:0 во полуфиналната серија против МЗТ Скопје

2 мај, 20110
vipe8y

Кошаркарите на Работнички со втората победа во вториот плеј од натпревар против МЗТ Скопје, тимот од Градски Парк се доближи на само чекор до големото финале во Првата македонска кошаркарска лига. Работнички пред својата публика вечерва славеше во вечното дерби со 85:83, а решавачките поени на само две секунди пред последниот звук на сирената ги постигна Тони Симиќ. Па така, Работнички сега има предност од 2-0 во полуфиналната серија и му недостасува само уште еден триумф за финале против Фени Индустри.

Вечерашниот натпревар мина во изедначено темпо, двата тима наизменично се менуваа во водството, но на крајот Работнички повторно ја покажа својата сила и искуство во решавачките моменти од натпреварот.

Тони Симиќ, кој мечот го заврши со 11 постигнати поени, непосредно пред последниот свиреж на сирената и ја донесе победата за својот тим. Сепак, последниот шут им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје. Во последната секунда, шут за три поени испрати Јане Петровски, доколку погодеше МЗТ ќе славеше триумф, сепак, промаши и популарните “Сити Парк Бојси” влегоа во теренот со своите љубимци да го прослават триумфот.

Најефикасен на натпреварот и во тимот на Работнички беше Димитар Мираковски со 22 поени. Перо Блажевски постигна 21. Во поразениот тим на МЗТ, Јане Петровски и Миљан Пуповиќ со по 16 поени беа најефикасни, а Кочов мечот го заврши со 14 поени.

Следниот натпревар двата ривали го играат в среда на 4 мај во населбата Аеродром. Или Работнички ќе се радува на пласман во финалето против Фени Индустри, или МЗТ ќе се избори за четврт полуфинален меч. Потсетуваме, Фени Индустри експресно ја реши полуфиналната задача со Торус и си обезбеди нов миниодмор од најмалку десетина дена до почетокот на финалната плејоф серија во домашниот кошаркарски шампионат.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi