Оскаровката Рејчел Вајс преговара за улогата на вештерка за филмот “Оз: Големиот и моќен“, пред продолжението на “Волшебникот од Оз“, во кој играат Џејмс Франко и Мила Кунис, објави Холивуд Репортер. Во филмот кој го режира Сем Реими, Франко ја игра улогата на Оз, манипулатор кој ќе се соочи со вистинска магија, во вожшебната земја со која владеат прави вештерки. Рејчел Вајс би ја играла улогата на Евор, моќната злобна вештерка која сака да владее со земјата со сестра и Теадор (Мила Кунис).