Радиоактивен плутониум истекува од “Фукушима“

slobodan29 март, 20111min00
aerial

Отровен радиоактивен плутониум почнал да истекува од нуклеарната електрана “Фукушима“, чие време на распаѓање изнесува околу 24.000 години, јавува “Блиц“, пренесува Нетпрес.
Смртоносниот нуклеарен материјал во меѓувреме бил откриен дури и надвор од постројките, во околината на земјиштето кај “Фукушима“.
“Ситуацијата е многу сериозна. Правиме се’ што можеме за штетата да биде што помала“, изјавил портпаролот на владата на Јапонија Јукио Едано.
Тој истакнал дека радиоактивниот материјал непрекинато навлегува длабоко во земјата, а јапонскиот премиер Наото Кан ја оценил ситуацијата како “непредвидлива“.
Портпаролот на владата додал и дека било неопходно да се спречи загревањето на реакторите поради што било неизбежно да се продолжи со ладење односно дека приоритет мора да биде вбризгувањето вода во реакторите.

Извор: Нетпрес

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag