Симпсонови цензурирани во Германија, поради катастрофата во Јапонија

29 март, 20110
simpsons_212

Прикажувањето на американсаката цртана серија “Симпсонови“, во која се споменуваат нуклеарните хаварии и шегите за неа, ќе биде забранета во Германија поради катастрофата која ја погоди јапонската нуклеарна централа Фукушима. “Ги проверуваме сите епизоди и нема да се емитуваат оние кои би можеле да предизвикаат контроверзии“, изјавил претставник од германската приватна телевизија Pro7. Познатиот серијал ја покажува сатирата на американскиот живот, преку животот на едно семејство, на чело со главниот лик Хомер, неодговорниот јунак кој работи како шеф на обезбедување во нуклеарна централа. Во некои епизоди од серијата, радиоактивен отпад се фрла во градинка, цевките за ладење во централата пукаат, а стаорците се претвараат во светлосни мутанти. Претставникот од телевизијата изјавил и дека нема да можат во потполност да го изменат сценариото. Во саботата повеќе од десетици илјади луѓе демонстрираа во неколку градови во Германија, за да се отфрли користењето на нуклеарна енергија. Еден ден подоцна на локалните избори победи опозиционата партија на Зелените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma