Емоционална интелегенција
29 март, 20110
![emotivna inteligencija](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/03/emotivna-inteligencija--610x269.jpg)
Покрај општата интелегенција или IQ фактор постои и емоционална интелегенција или EQ. Научниците се обидуваат да објаснат како овие два вида на интелегенција се надополнуваат.
Голем број истражувачи тврдат дека коефициентот на интелегенција IQ е должен за 20% од животниот успех. Остатокот зависи од други фактори меѓу кои е емоционалната интелегенција.
За овој вид интелегенција најважна е самосвеста. Всушност, тоа е способноста човекот да биде среќен од она што го чувствува. Без љубов и нежност нема развој на самосвеста. Заради тоа секој родител би требало на време да размислува за развојот на децата и условите во кои растат, бидејќи тие ќе го обележат неговиот живот во позрелите години.