Радиоактивните честички од Јапонија пристигнаа во Србија

popara25 март, 20111min00
Sastavci Serbia Map Zoom

Радиоактивните честички од Јапонија пристигнаа и во Србија, но нивната количина не претставува било каква опасност по здравјето на граѓаните, изјавила за агенцијата “Бета“ директорката на Агенцијата за заштита од јонизирачко зрачење, Мирјана Раденковиќ.
Според нејзината изјава, во воздухот било забележано присуство на честици јод кои со денови кружеле низ атмосферата, но нивното присуство не барало спроведување на поголеми мерки на заштита. “Од контролата во Нови Сад било забележано присуство на јод честици, меѓутоа нивното присуство не би требало да предизвика страв кај граѓаните со оглед на тоа дека се работи за незабележителни количини“, изјавила Раденковиќ.
Како што се соопштува од Агенцијата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност на Србија, испитувањата покажуваат дека нивото на радиоактивност во земјата е на просечно ниво. Зголемена радиоактивност не била забележана ниту во примероците на стоката која се увезува, а припадниците на Министерството за внатрешни работи од граничните премини ја известувале Агенцијата доколку во земјата влезе некој кој ги посетил загрозените подрачја.

Извор: Нетпрес

Од Агенцијата бил упатен и апел да се проверува и храната и водата која ја пијат животните а која е увезена или има потекло од Јапонија.

“Секој ден се мери нивото на радиоактивност, сега најверојатно е малку зголемено, но не треба се крева паника околу тоа. Зголемено ниво на радиоактивност е забележано и во Германија и Франција но и таму нема никакви причини за интервенција“, изјавиле од Агенцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag