Фудбалерот Рајан Гигс се најде во нова афера. Откриено е дека тој осум години спиел со сопругата на неговиот брат, Наташа. Таа се решила да ја признае вистината бидејќи и нејзе ја изневерил.
Својата сопруга, тој почнал да ја изневерува со Наташа уште од многу оддамна, уште пред Наташа да биде сопруга на неговиот помал брат.
Тие биле блиски и имале интимни моменти на најважните моменти во неговиот живот, кога се родила неговата ќерка, ден по раѓањето на неговиот син… Наташа се решила сето ова да го признае бидејќи тој и неа ја изневерил.
Повредена сум бидејќи со ова тој ми докажа дека сите овие години не ме доживувал како блиска, туку ме имал само за секс, изјавила Наташа.